Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Испечати Е-пошта
javnadebata25.02.2011033
Во Република Македонија политичките партии имаат клучна улога, не само во процесот на демократизацијата на македонското општество, туку и во процесите на европската интеграција, како взаемно испреплетени процеси.
Оттука, мошне значајно е прашањето за делувањето на политичките партии во македонското општество, со посебен акцент на нивното финансирање.
Постапката и начинот на обезбедување на финансиските средства, располагањето со средствата за тековното работење  и дејствување на политичката партија, како и контролата на финансирањето и финансиско-материјалното работење на политичките партии, секогаш се во фокусот на вниманието на јавноста.
Постоењето на законска рамка со која се регулира финансирањето на политичките партии, не ги исклучува континуираните стремежи да се дојде до квалитетно законско решение за регулирање на оваа проблематика, за што пред се е потребен транспарентен пристап, со вклучување на сите засегнати страни и јасно изразена политичка волја, а со крајна цел, обезбедување на поголема транспарентност во финансирањето на политичките партии,  заради намалување на просторот за корупција.
Токму поради наведеното, а во пресрет на изготвувањето на новите измени на Законот за финансирање на политичките партии, Државната комисија за спречување на корупцијата ја согледа потребата од реализирање на јавна дебата на тема “Финансирање на политичките партии”.
На дебатата учествуваа претставници од законодавната власт,  органите и институциите надлежни за спроведување на Законот за финансирање на политичките партии, граѓанските организации, пратеничките групи во Собранието на РМ, странските амбасади во РМ,  експерти од оваа област и медиумите.
Од дискусијата на јавната дебата на тема “Финансирање на политичките партии”  ќе бидат извлечени заклучни согледувања, кои понатаму ќе можат да послужат како материјал односно основа за развивање на новата Државна програма за превенција и репресија на корупцијата и Државна програма за превенција и намалување на појавата на судир на интереси 2011-2015, во областа политички систем и политички партии.
 
Присутни учесници на јавната дебата:
 
  • Министерство за правда
  • Министерство за финансии
  • Управа за јавни приходи
  • Државен завод за ревизија
  • Државна изборна комисија
  • Централен регистар на РМ
  • Амбасада на Кралство Норвешка во Република Македонија
  • Амбасада на Соединетите Американски Држави во Република Македонија
  • Амбасада на Кралство Холандија во Република Македонија
  • Британска амбасада во Република Македонија
  • Граѓанска асоцијација МОСТ    
  • Граѓанско движење „Разбуди се!”
  • Информативен центар за граѓанско општество
  • Коалиција  на здруженија на граѓани „Сите за правично судење”
  • Македонски центар за меѓународна соработка
  • ПРОГРЕС Институт за социјална демократија
  • Транспарентност Македонија
  • Фондација Институт отворено општество-Македонија
  • ВМРО-ДПМНЕ -ВМРО Демократска партија за македонско национално
  • НСДП-Нова социјалдемократска партија
  • ЛП-Либерална партија на Македонија
  • СДСМ-Социјалдемократски сојуз на Македонија
  • ДОМ-Демократска обнова на Македонија
  • ДС-Демократски сојуз
  • ВМРО-Демократска партија
  • Проф. д-р Зоран Шапуриќ- експерт
  • Проф. д-р Миодраг Лабовиќ-експерт
  • УНДП
 

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo