Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Документи arrow Програма за работа
Програма за работа за 2007 Испечати Е-пошта
Врз основа на член 49 став 1 алинеа 2 од Законот за спречување на корупцијата (“Службен весник на РМ” бр.28/02, 46/04, 126/06), Државната комисија за спречување на корупцијата, на седницата одржана на 12.04.2007 година, ја донесе следната


ПРОГРАМА ЗА РАБОТА
НА ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА
ЗА 2007 ГОДИНА



Согласно надлежностите утврдени во Законот за спречување на корупцијата како и нејзините цели и приоритети содржани во:


-    Стратешкиот план на Државната комисија за периодот 2006-2008 година и Програмата за остварување на целите и приоритетите; и

-    Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија

 Комисијата во текот на 2007 година, својата Програма за работа ќе ја реализира преку следните активности:

1. Изготвување на нова Државна програма за превенција и репресија на корупцијата.

1.1.    Детектирање на проблемите и утврдување на индикатори за следење на работатат во секоја од областите

Рок:  февруари-април 2007 год.


1.2.    Наративен (описен) дел со акциски план 

Рок : април 2007 год.


1.3. Донесување на Државна програма за превенција и репресија на корупцијата

Рок: мај 2007 год.
 
2. Примена на одредбите од Законот за спречување на корупцијата за пријавување на имот


2.1. Примена на одредбите за пријавување и контрола на имотната состојба

Рок: постојано


2.2. Формирање база на податоци и нејзино ажурирање заради исполнување на законската обврска за објавување на имотната состојба на избраните и именуваните функционери на веб страницата на Државната комисија

Рок: постојано


2.3. Мрежно поврзување на базите на податоци во врска со евидентирањето и проверката на податоците од анкетните листови со Управата за јавни приходи.

Рок: постојано



3. Соработка со други државни органи

3.1. Реализирање на средби и интензивирање на соработката со сите органи институции, а особено со Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Министерството за финансии, Управата за јавни приходи, Дирекцијата за спречување перење пари, Финансиската полиција, Царинската управа, Јавното обвинителство, Јавното правобранителство, Државниот завод за ревизија, Народниот правобранител и други.

Рок: постојано



4. Јакнење на капацитетите на Државната комисија за спречување на корупцијата

4.1. Кадровско пополнување на Секратаријатот согласно Правилникот за систематизација на работните места. Реализација на 5 нови вработувања во Секретаријатот на Државната комисија согласно дозволениот план и средства.

Рок : постојано


5. Обезбедување на соодветно просторно сместување на Државната комисија

Рок : прва половина на 2007 год.


6. Едукација и студиски посети на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата и нејзиниот Секретаријат

6.1. Реализација на соодветна обука на вработените во Секретаријатот на Државната комисија

Рок: постојано


6.2. Реализација на студиски посети на држави со развиен систем на спречување на корупција

Рок: постојано


7. Следење на примената на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата

7.1. Следење на примената на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата врз основа на утврдените индикатори за мерење на ефикасноста

Рок: постојано


7.2. Одржување на регионални обуки за претставници на органи и институции како и од локалната самоуправа за системот за следење на примената на Државната програма

Рок: септември-декември 2007 год.

 
7.3. Конференција за оцена на спроведувањето на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата

Рок: декември 2007 год.



8. Истражување на јавното мислење за нивото на корупцијата во Република Македонија

8.1. Анкетирање и виктимолошка анализа

Рок: септември 2007 год.


8.2. Анализа и презентирање на резултатите

Рок: ноември 2007 год.



9. Реализирање на кампања со антикорупциска содржина

Рок: ноември 2007 год.

 

10. Започнување на активности за воведување на антикорупциски содржини во образованието

10.1. Воспоставување соработка со Министерството за образование и наука и со невладини организации за утврдување на заеднички активности                   

Рок: постојано

       
10.2. Реализација на средба со Министерот за образование и со претставници на Бирото за развој на образованието

Рок: јуни 2007 год.

 

11. Мислења по закони од значење за спречување на корупцијата

11.1. Иницирање на постапка за измени  на Законот за спречување на корупцијата согласно Одлуката на Уставниот суд на РМ.

Рок: април 2007 год.


11.2. Давање мислење по други текстови на закони од значење за спречување на корупцијата

Рок: постојано



12. Меѓународна соработка

12.1. Продолжување на  соработката со антикорупциските органи и тела на други држави

Рок: постојано


12.2. Реализирање на посета на држави со развиен и ефикасен систем на антикорупција

Рок: септември 2007 год.


12.3. Учество на регионални и меѓународни конференции, семинари, работилници од областа на спречувањето и борбата со корупцијата 

Рок: постојано



13. Државната комисија, во рамките на своите надлежности, за прашања од значење за спречување на корупцијата, со информации и анализи, по потреба ќе ги известува Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија и другите надлежни орган ии институции

Рок: постојано


14. Спроведување на Законот за конфликт на интереси

Рок: постојано


15. Изготвување на годишен извештај за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата

Рок: постојано




        ДРЖАВНА КОМИСИЈА
     ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА

Бр. -------/ --------                                                                                Претседател,                                      

Од -----------------                                                                           Мирјана Димовска
    С к о п ј е                                

 

   
 

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo