Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Соопштение Испечати Е-пошта
logo-kontakt_5023.05.2011 Денешната конференција за медиумите, Државната комисија за спречување на корупцијата ја свика со цел да ја извести јавноста за својата работа во периодот по нејзиното конституирање во сегашниот состав. Во овој период ДКСК првенствено работи на непосредна примена на Законот за спречување на корупцијата, во делот Корупција во политиката, што се однесува на вонредните парламентарни избори распишани на 15 април 2011 година. Паралелно со тоа, ДКСК во овој период секојдневно работи врз проектот што е од нејзина примарна законска надлежност, а тоа е новата Државна стратегија за периодот 2011-2015 изразена како Државна програма за спречување на корупцијата и на судирот на интереси.
Ќе понудиме информација и во врска со постапките за испитување на имотната состојба на службени лица што ги има извршено Управата за јавни приходи по барање на ДКСК и по сопствено наоѓање, како и за она за што новинарите во изминатата недела најчесто се обраќаа до нас, а тоа е прашето поврзано со распишаните огласи за избор на професори и соработници на државните универзитети во земјава.
 
I. Во врска со предвремените парламентарни избори спроведувајќи го одредбите на спречувањето на корупцијата во политиката  ДКСК досега има постапено вкупно  по 402 предмети.
       - Од тоа 265 се однесуваат на давање одговори на институции и поединци  во нивните барање мислење  од ДКСК  во кои подносителите прашуваат дали може по периодот од распишувањето на изборите да спроведат постапки за вработување и унапредување, постапки за јавни набавки, постапки за оттуѓување на недвижен и движен имот и друг вид располагање со државниот капитал и јавните добра. Овие барања мислења во ДКСК  се разгледуваат секојдневно и така се даваат бараните одговори, освен по оние предмети во кои било потребно да се добијат дополнителни информации, (во 13 случаи се чека добивањето на бараните информации), од што зависи брзината на давањето одговор. ДКСК цени дека вака високиот број барања мислења  произлегува од подготвеноста на институциите и поедниците да го почитуваат Законот, но значи и јакнење на превентивното дејствување во спречувањето на корупцијата и судиторот на интереси за време на изборниот период. Сето тоа, несомнено е одраз и на довербата во ДКСК.
      - Од вкупните 402  предмети  по кои е работено досега преостанатите 137 се укажувања на ДКСК изречени по сопствено наоѓање следејќи ги актуелните случувања, огласите во медиумите што во најголем број -118 се однесуваат на нови вработувања, а во мал обем - само 6, на давањето под закуп и продажба на јавни добра. Објавените огласи за вработување се однесуваат на вкупно 434 вработувања. Согласно со режимот што произлегува од Законот, ДКСК во овие укажувања бара да се запре постапувањето по ваквите огласи, а во оние случаи кадешто конкурсот е распишан пред 15 април 2011 година постапката да продолжи по изборот на  нова Влада. Досега ДКСК има добиено 53  повратни информации од институциите на кои им е упатено Укажувањето дека ги имаат запрено постапките за вработување. Постапувањето на ДКСК по оваа основа продолжува како и обврската на инаституциите да достават повратна информација за преземеното по нашето Укажување. Треба да се истакне дека во овие избори по Упатство на Владата на РМ, Агенцијата за вработување на РМ бара мислење од ДКСК  пред пред да изврши пријавување на  нов работен однос, со што е затворен вентилот, а оние субјекти што не побарале мислење од ДКСК и водат постапка за вработување нема да успеат да ја завршат во период кога тоа е во спротивност со законот. 

II. Донесувањето Државна програма за спречување на корупцијата и на судирот на интереси двата закона за чие спроведување е формирана ДКСК ја имаат утврдено како примарна надлежност со цел севкупната борба против корупцијата и судирот на интереси како крајно штетни општествени појави да се води системски, организирано, квалитетно и ефикасно од сите чинители во општеството. Процесот на донесување на овој стратешки важен документ е отворен и се одвива согласно со Меморандумот за соработка помеѓу ДКСК и СЕП при Владата на РМ, Меморнадум за соработка со Канцеларијата на УНДП во РМ потпишани минатата 2010 година, како и со Делегацијата на Европската унија во РМ преку експертска помош. Таа активност трае повеќе месеци, а во овој период е во тек втората серија работилници по 10-те сектори во кои постојат кризни жаришта на корупцијата и судирот на интереси, во тој процес учествуваат експерти и претставници од сите релевантни институции во овие сектори.    

III. Како што е познато една од надлежностите на ДКСК е евидентирањето и следењето на имотната состојба на службените лица што се работи во континуитет при што една од законските мерки кога анкетниот лист не се поднесува или во него податоци се нецелосни или невистинити, е испитување на имотот и имотната состојба, што го врши УЈП на барање на ДКСК  или по сопствено наоѓање на Управата. Во периодот јануари -април 2011 Управата има завршено 31 постапка од кои кој 24 лица утврдила дека имотот што го поседуваат потекнува од приходи што биле предмет на оданочување и претставуваат легално стекнат имот. Управата за 7 лица има донесено решенија со кои истите се задолжуваат со персонален данок на доход по основ на непријавени и неоданочени приходи во вкупен износ од  4.839.480,00 денари или околу 79.000 евра, бидејќи во постапката за испитување на имотот и имотната состојба не се докажало дека имотот е стекнат или зголемен како резултат на примања што се  пријавени и оданочени, односно се смета за нелегално стекнат имот кој што подлежи на оданочување  со стапка од 70%.

IV. Во текот на минатата недела, интерес побуди ставот на ДКСК, дека треба да запрат постапките по објавените огласи за избор на наставници и соработници на факултетите во рамките на државните универзитети во Република Македонија. ДКСК, само ги спроведува одредбите од Законот, кој вазат и се однесуваат на сите корисници на буџетски средства, јавните претпријатија, фондовите и правните лица кои располагаат со државен имот. Наспрам ставот на ДКСК, се изнесоа аргументи дека не станува збор за нови вработувања, туку за реизбор на наставници и соработници во постојните наставно научни звања. Законот не познава категорија реизбор, и самиот факт што изборот на професорите и соработниците на Универзитетите е со мандат од 3 или 5 години, упатува на тоа дека постапката конкурс за избор во наставно научно звање, подразбира учество на сите заинтересирани кандидати, дека по истекот на мандатот, дотогаш избраните мора да аплицираат за да ја добијат работата. Никој, никаде и никогаш, некому не дал гаранции дека работното место на наставниот и соработнички кадар  им е гарантаирано. Тие за него треба да се изборат на јавен, транспарентен оглас, преку докажување на постигањата во конкретната наставно научна област, со објавените трудови, со квалитетот на проектите во кои учествувале и тн. Што значи дека тука, во оваа сфера, не важи принципот еднаш професор – цел живот професор. Да беше тоа така, во Законот за високото образование, ќе немаше обврзувачка одредба на секој 3 односно 5 години да се врши задолжителен избор на наставниците и нивните соработници во наставно научни звања. Ова го пренесувам како став на ДКСК, дека секој избор го третираме како ново вработување и соодветно на тоа, и за нив важат одредбите од Законот за спречување на корупцијата. Во таа насока, од сите факултети што имаат објавен оглас за избор на наставници и соработници, ДКСК бара дополнителни информации, за тоа кога завршува мандатот на избраните наставници и соработници, се со цел да се излезе во пресрет на факултетите, односно да се спроведат одредбите од ЗВО кои предвидуваат изборот да се направи во завршните 6 месеци од постоечкиот мандат. Од таму, за ДКСК е важно да се утврди дали изборот мора да се спроведе во изборниот период. Ние ги разгледуваме сите конкретни случаи и градиме принципиелен став, но не по цена на кршење на одредбите од Законот за спречување на корупцијата, впрочем идентичен однос ДКСК има градено и во претходните изборни циклуси.

V.
За самиот крај, сакам да информирам и воедно да ги потсетам организаторите на изборните кампањи, дека согласно Изборниот законик, веќе во четврток, на 26. Мај имаат обврска, до ДКСК да ги достават Извештаите за состојбата на сметкаата од која се финансира изборната кампања, со сите приливи, расходи и моментна состојба. ДКСК апелира до организаторите да ја испочитуваат својата законска обврска, се со цел да не се доведуваат во непријатна позиција, да се докажуваат пред судските органи зошто не ја исполниле својата законска обврска.

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo