Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

ПРВИЧНА ИНФОРМАЦИЈА Испечати Е-пошта
ЗА АНАЛИЗАТА НА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ НА ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА ИЗБОРНАТА КАМПАЊА (ЕДИНАЕСЕТИ ДЕН)
 
logo-kontakt_5030.05.2011 Државната Комисија за спречување на корупцијата, во саботата на 28.05.2011 година, одржа вонредна седница која целосно ја посвети на разгледување на добиените извештаи за состојбата на сметките кои наменски се отворени од страна на организаторите на изборните кампањи за реализација на предизборните активности.
Најнапред, ДКСК констатира дека, благодарение на долгогодишните напори на Комисијата и активниот придонес во подобрувањето на легислативата која го уредува изборниот процес, организаторите на изборните кампањи за прв пат во овој изборен циклус, имаат законска обврска, единаесетиот ден од изборната кампања до ДКСК, ДИК и ДЗР да достават финансиски извештај за состојбата на наменската сметка, отворена за реализација на изборните активности, со обврска во неа да ги прикажат сите извори на финансирање на кампањата по износ и вид на донацијата; да ги прикажат расходите и моменталната состојба на ж.сметката.
Во таа насока, согласно законските обврски, од вкупно 18 организатори на изборната кампања, финансиски извештај доставиле сите организатори.
Од остварениот увид во финансиските извештаи, ДКСК, во оваа фаза може да ги презентира следниве констатирани недостатоци и пропусти во нив:
  1. Има невоедначеност во извештаите, од аспект на тоа што одредени извештаи се доставувани на образецот пропишан од страна на министерот за финансии, како што впрочем е и законска обврска, а дел од организаторите на изборната кампања (СДПМ, Достоинство, ПДП, НДП, НДУ и ДУИ), финансискиот извештај го имаат доставено по свое наоѓање, на начин и во форма, за кои тие сметале дека се соодветни. Затоа, ги повикуваме организаторите на изборните кампањи, во исполнувањето на својата законска обврска за дваесетипрвиот ден од стартот на изборната кампања, финансиските извештаи да ги достават во форма, содржана во образецот пропишан од министерот за финансии. Исто така, ДКСК, потсетува дека финансиските извештаи треба да содршат печат и потпис на организаторот на изборната кампања, што значи дека сите оние извештаи кои треба да стигнат на дваесетипрвиот ден од кампањата, доколку не се доставени на пропишаниот образец или се без уреден потпис и печат од овластено лице на организаторот на изборната кампања, ќе реагираме како таквиот финансиски извештај воопшто да не е доставен до Комисијата;
  2. Само во еден случај, во извештајот на Социјаалдемократската Унија, има прикажано прилив на средства од членарина, што согласно Изборниот законик е прво означен извор за финансирање на изборната кампања;
  3. Освен во извештајот на организаторот на изборната кампања на Национално демократската преродба, во прилог на извештаите не се доставени расходните банкарски изводи. Мора да напоменам дека тие и немаат законска обврска да ги достават банкарските изводи за приходи и расходи, но за да се следи регуларноста на финансирањето на изборните кампањи, неопходно е да се оствари увид токму во банкарските изводи, како за приливите, така и за одливите на средствата. Оваа констатација е од особено значење за ДКСК, која во престојниот период ќе иницира, во Изборниот законик да се вметне обврска за организаторите на изборните кампањи, во прилог на финансискиот извештај да ги приложуваат и банкарските изводи на приходните и расходните ставки. Ние имаме можност да ги побараме банкарските изводи, согласно Законот за спречување на корупцијата, но заради воспоставување на механизми на финансиска дисциплина, цениме дека доставата на банкарските изводи треба да се воведе како облигаторна обврска и токму во Изборниот законик;
  4. Во однос на донациите, кои се носечките извори на средства за изборната кампања, во Извештаите се прикажани донаторите, физички и правни лица. За одбележување е тоа што во принцип сите прикажани донации, според износите се во согласност со законскиот лимит за донирање на изборните кампањи – до 5000 евра донација од физичко лице, додека за правните лица треба да направиме дополнителни проверки, за тоа дали нивните донации се во висина до 5% од остварениот вкупен приход во текот на изминатата година;
  5. Во еден случај, на организаторот на изборната кампања на Демократската Унија на Албанците, на 05. и 06. Мај, од две физички лица на сметката на организаторот е уплатена донација во износ од 775.000 денари, што го надминува законскиот лимит. Во таа насока, а со цел доследна примена на Изборниот законик, го повикувам организаторот на изборната кампања на Демократската унија на Албанците, согласно член 83, став 4, износот што го надминува законскиот лимит на донација од физичко лице, односно износ од 162.000 денари, итно да го префрлат на сметката на Буџетот на Република Македонија, бидејќи рокот за тоа да го сторат е истечен на 10, односно 11. Мај и за тоа да ја извести ДКСК;
  6. ДКСК побара дополнителни информации за кредитот со кој организаторот на коалицијата предводена од СДСМ ја финансира изборната кампања, а е пријавен во рубриката донација, со цел да се констатира со колкав износ кредиторот, во случајов Комерцијална банка АД Скопје ја донира изборната кампања на коалицијата предводена од СДСМ
  7. ДКСК од финансиските извештаи, констатира дека организаторите на изборната кампања на три политички партии ДУИ, ДПА и ЛДП, како и коалицијата предводена од страна на ВМРО – ДПМНЕ, имаат потрошено многу повеќе средства од сметката, од оние што ги имаат обезбедено со приливите. -  ДУИ, од донации на 7 лица, обезбедиле 1.150.000, а потрошени 4.342.270 денари; ДПА, од донации на 10 лица, обезбедиле 608.000, а потрошиле 1.022.423 денари, ЛДП од донации на лица има обезбедено 275.000 денари, а за кампањата потрошени се 2.322.240 денари, и на крај, коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ, од донации на 130 физички лица и едно правно лице, обезбедиле 7.950.000, а потрошени се 103.054.161 денар. Овие констатации, нудат можност за анализи кои ќе ги направиме по завршувањето на изборната кампања. Сепак, токму овие констатации, ја мотивираа ДКСК да ја афирмира потребата од доуредување на изборната легислатива, со обврска која би се ставила во Изборниот законик, наменските сметки за изборните кампањи да се затвараат еден ден по завршувањето на изборната кампања. На тој начин, во ДКСК, сметаме дека ќе затвориме уште еден голем сив простор, кој денес е оставен и исклучително поволен за корупција во политиката. Овој став ДКСК веќе неколку години со ред се обидува да го вгради во позитивната легислатива, но за жал безуспешно, но веруваме дека овие искуства и сознанија до кои сега дојдовме, ќе бидат доволен аргумент тоа и да се направи;
  8. ДКСК, констатира дека пропишаниот образец за поднесување на финансиските извештаи ги отсликува законските обврски на организаторите на изборната кампања, но неопходна е негова доработка, со цел тој да може да обезбеди подобри податоци за детали од суштинско значење за вршење на финансиски проверки и контрола на приливите и расходите во сметките за изборната кампања;
  9. ДКСК, во престојниот период ќе продолжи со дополнителна обработка на пристигнатите финансиски извештаи, особено во делот на расходите по основ на платено политичко рекламирање во електронските медиуми, за што ни се неопходни податоците од СРД. Да потсетам, на наша иницијатива имавме работна средба на самиот почеток на изборната кампања и тогаш се договоривме паралелно со финансиските извештаи од организаторите на изборната кампања, СРД да ни го достави пресекот за медиумското рекламирање на политичките партии, бидејќи повеќе од очигледно е дека партиите, своите најголеми издатоци ги прават токму во делот на платеното политичко рекламирање. И секако, нам ни е потребно допонително време за спроведување на проверките по основ на договорени цени за медиумско рекламирање и нивно споредување со јавно објавените цени на ВЕБ страните на медиумските куќи;
  10. ДКСК, во писмена форма ќе се обрати до организаторите на изборната кампања, поединечно, во кои ќе им ги презентира сите наоди и забелешки, со укажување, сите констатирани недостатоци од формална природа да бидат отстранети заклучно со финансискиот извештај што до ДКСК треба да го достават на дваесетипрвиот ден, односно со завршувањето на изборната кампања.
 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo