Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Соопштение Испечати Е-пошта

 Информација за меѓународна работилница на тема “Промовирање на Интегритетот: национални и меѓународни правни механизми и инструменти“

dksk_logo30.06.2011 Со цел зајакнување на меѓународната соработка во делот на градење на интегритетот во областите на превенција на судирот на интереси, анкетните листови на службените лица, етички и други релевантни прашања на интегритет преку подобрена, одржлива и проактивна меѓународна соработка, на 04 Мај 2010 година, Државната комисија за спречување на корупцијата потпиша Декларација за подобрување на меѓународната соработка за превенција од судирот на интереси и имотна состојба преку воспоставување на меѓународна “Мрежа на експерти за интегритет” (ИЕН).
Во рамките на оваа мрежа клучни претставници се институциите за интегритет од земјите членки или нивните набљудувачи во рамките на Регионалната Антикорупциска Иницијатива (РАИ) за Југоисточна Европа, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Косово, Романија, Србија,  но и други земји како што се Словенија и Шпанија.
Државната комисија за спречување на корупцијата согласно потпишаната Декларација, како претставник на Република Македонија, е вториот по ред, претседавач на оваа мрежа. Претседавањето со ИЕН мрежата е една година и започна на 04 мај 2011 година. Првиот председавач (мај 2010 – мај 2011)  беше HIDDA – Висок инспекторат за пријавување и контрола на имотот од Република Албанија.
 Државната комисија за спречување на корупција, за време на своето едногодишното претседавање со Мрежата на експерти за интегритет, со активностите што ќе ги реализира,  ќе вложи напори за промовирање на концептот на интегритет во земјите членки на ИЕН.
Во рамките на претседавањето, а заради имплементирање на идејата е планирано преземање на неколку активности во насока на:

  • Организирање на меѓународни  работилници;
  • соработка со други организации, тела, мрежи и поддржувачи преку остварување на работна средба помеѓу 2-3 земји/институции;
  • остварување на посети на земји во рамките на ИЕН;
  • зајакнување на меѓународната соработка и одржлива размена на искуства и знаења за ефективна примена на правната рамка за интегритет на институциите членки на национално и регионално ниво преку реализирање на меѓународна работилница;
  • обезбедување на експертиза заради истражувања и тренинзи за Државната комисија за спречување на корупцијата што ќе произлезат од политиката односно стратегијата за интегритет.
Поддршка во реализација на активностите дадоа Амбасадата на Кралството Норвешка во Република Македонија,  Амбасадата на Велика Британија во Република Македонија и Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија
Активностите кои би се спровеле во текот на оваа година од претседавањето на Државната комисија за спречување на корупцијата (мај 2011 – мај 2012 година) би биле во насока и на промовирање на Република Македонија како земја која ги почитува и ги унапредува принципите на интегритет и доброто владеење.

За реализација на првата активност од претседавањето на Република Македонија со ИЕН, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на  04-05 Јули 2011 година во Охрид организира меѓународна работилница на тема “Промовирање на Интегритетот : национални и меѓународни правни механизми и инструменти“.
Целта на ДКСК е преку оваа работилница да го промовира интегритетот, моделите на интегритет, праксата, но и предизвиците што тој ги нуди кај земјите членки на Меѓународната мрежа на експерти за интегритет (ИЕН).

Учество на истата ке земат 12 – те држави членки на ИЕН, како и претставници од Амбасадата на Кралството Норвешка во Република Македонија, Амбасадата на Велика Британија во Република Македонија, Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Со свое воведно обраќање ќе учествуваат Министерот за внатрешни работи и Министерот за правда.


 
< Претходно

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo