Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Соопштение Испечати Е-пошта
dksk_logo01.08.2011 Денешната конференција за медиумите, Државната комисија за спречување на корупцијата ја свика со цел да ја извести јавноста за својата работа во изборниот периодот, односно за периодот од распуштањето на Собранието на Република Македонија и распишувањето на предвремените парламентарни избори, се до изборот на новата Влада на Република Македонија, или конкретно, за периодот од 15. Април до 28. Јули.

Во овој период Државната комисија, посветено работеше на непосредна примена на Законот за спречување на корупцијата, во изборниот период, кој како lex specijalis токму во овој период дерогира бројни закони кои ги уредуваат односите и можностите за користење средства од буџетот на Република Македонија, од јавните фондови, средства на јавни претпријатија или правни лица што располагаат со државен капитал, што важат во редовни околности.
 
Во таа смисла, Државната комисија за спречување на корупцијата има постапувано по вкупно 637 предмети, при што има дадено 457 мислења кои се однесуваат на 476 предмети. Станува збор за мислења, побарани од Владата на Република Македонија, Министерствата, Градот Скопје, општините, како и од институции кои се буџетски корисници и јавните претпријатија од републиката, по прашања, за чија реализација во овој период, без надлежно мислење од Државната комисија, истите неможат да се реализираат. Исто така, Државната комисија, по сопствена иницијатива, секогаш кога ќе констатираше дека е распишан оглас за вработување или јавен оглас за набавка од страна на институциите што се опфатени со Законот за спречување на корупцијата, а при тоа не располагавме со податок за тоа дали тие вработувања или јавни набавки се опфатени во Годишниот план за работа за тековната година, дали за нив се обезбедени финансиски средстава и дали согласно временската динамика се совпаѓаат со изборниот период, реагиравме и имаме доставено 161 укажување до разни институции, со барање за запирање на постапките и обврска да не информираат дека постапиле по нашето укажување, но и да ни достават документација врз основа на која се отпочнати тие постапки.
Во оваа насока сакам да нагласам дека во најголем дел, укажувањата доследно се почитуваа, но имаме сознанија дека има институции кои ги игнорираа укажувањата од Државната комисија за спречување на корупцијата, заради што преземавме активности за утврдување на фактичката состојба, по што ќе бидат преземени дополнителни мерки, согласно Законот за спречување на корупцијата, а јавноста за тие преземања, благовремено ќе ја известиме. Засега извесно е дека Универзитетот од Битола и покрај нашите укажувања има извршено избор на ректор и неколку наставници и соработници во наставно научни звања, заради што Државната комисија отвори предмет.

Изборниот период, се совпадна и со креирањето на новиот стратешки документ, од кој треба да произлезат Државната програма за превенција и репресија на корупцијата, како Државната програма за намалување на судирот на интереси, обете за периодот 2011/2015.
Оваа обврска произлегува од Националната програма за усогласување на правото со Европската унија, и сакам да нагласам дека ние користевме техничка помош од делегацијата на Европската унија во Република Македонија, но и финансиска помош и подршка од канцеларијата на УНДП во Република Македонија. Одржавме 21 работилница, во чија работа партиципираа 8 експерти од различни сфери на општественото, економското и политичкото живеење во Република Македонија, преку 200 претставници од различни министерства, институции, приватниот, невладиниот сектор, како и од медиумите.
Во оваа прилика сакам да информирам дека до крајот на месец Септември, Државната комисија ќе направи јавна презентација на обете програми, кои не само што ќе го продолжат континуитетот во борбата против корупцијата, туку ќе значат и нов квалитет, пред се, затоа што во имплементацијата на предвидените активности, за прв пат, ќе се следи, не само нивната квантитативна реализација, туку ќе се следи и нивната ефективност, ќе се следи нивното вкупно влијание во справувањето со корупцијата и намалувањето на судирот на интереси во Република Македонија.

Не помалку значаен ангажман Државната комисија имаше во следењето на финансирањето на изборната кампања на политичките партии за предвремените парламентарни избори. Јавноста, е запознаена дека за прв пат, организаторите на изборната кампања беа должни, во рок утврден со Изборниот законик да достават два периодични и еден конечен финансиски извештај до ДИК, ДЗР и ДКСК. Државната комисија за спречување на корупцијата, информираше за резултатите од првичните согледувања на добиените извештаи, информираше за конкретни сомневања дека се прекршени изборните правила за финансирање на изборната кампања и најави можност за поднесување на кривични пријави против оние организатори на изборната кампања кои не поднесоа конечен финансиски извештај, како и против оние што доставија извештаи со неточни податоци. Јавноста треба да знае дека до Државната комисија за спречување на корупцијата, три недели по истекот на законскиот рок за доставување на конечниот финансиски извештај за финансирање на изборната кампања (18.06.2011), добивме известување од СДСМ, А1 Телевизија и Продукција Плус, дека ги повлекуваат конечните извештаи, во кои ги констатиравме незаконитостите што јавно ги објавивме, и доставија нови, за кои очигледно им требало време од три недели за да ги усогласат. Образложението за таквиот потег, од сите три субјекти беше идентично – заради техничка грешка, која со ниту една реченица не ја имаат образложено.

Државната комисија, во моментов ги анализира сите добиени податоци од организаторите на изборната кампања, од СРД, од самите радио дифузери, од редакциите на печатените медиуми, податоците од Централниот регистер за завршните сметки на донаторите, како и банкарските изводи за наменската сметка за изборната кампања, по што, во законскиот рок ќе го Информираме Собранието на Република Македонија и секако, ќе ја информираме јавноста со нашите наоди, како и за мерките што, согласно законот ќе ги преземеме.

Исто така, Државната комисија за спречување на корупцијата, во оваа прилика ја информира јавноста дека го следевме исполнувањето на обврските на новоизбраните, но и на претходниот состав на пратеници во Собранието на Република Македонија за поднесување Анкетни листови за имотната состојба и Изјави за интереси.
Заклучно со 29.07.2011 година обврската за поднесување на Анкетен лист ја исполниле 116 пратеници од новиот состав на Собранието на Република Македонија. Анкетен лист нема поднесено еден пратеник. Пет пратеници на 28.07.2011 година се избрани за членови на Владата на РМ, што подразбира дека  Собранието на РМ е потребно да ги верификува мандатите на новите пратеници од кога за нив ќе тече рокот од 30 дена за поднесување на Анкетен лист. Заклучно со 29.07.2011 година обврската за поднесување на анкетен лист по престанок на функцијата ја исполниле 112 пратеници, а 8 немаат поднесено Анкетен лист.

Во овој контекст, Државната комисија, изврши проверки по случаен избор, на податоците прикажани во анкетните листови на стотина лица од судската власт. При тоа, констатирано е дека во 30 случаи има отстапувања од тоа што е пријавено во Анкетните листови и фактичката состојба. Токму заради тие причини, Државната комисија за спречување на корупцијата, до УЈП поднесе иницијатива за испитување на имотната состојба за тие 30 лица. По завршувањето на постапката, јавноста ќе биде известена за резултатите од неа.
Државната комисија за спречување на корупцијата, паралелно со изборните активности, работеше и по предмети оформени во врска со Конечни извештаи, на Државниот завод за ревизија,  за извршена ревизија на финансиски извештаи на три субјекти  - од кои две јавни претпријатија  и една општина. Во таа насока,

Државната комисија за спречување на корупцијата донесе заклучок да покрене иницијативи за поведување постапка за кривично гонење на одговорни и службени лица и до Јавниот обвинител на Република Македонија ќе бидат доставени, како што следи:

- Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на одговорното лице – поранешен  вршител на должноста директор и на други одговорни лица и членови на органите на управување на Јавното  претпријатие  за  комунална  дејност  Охридски  Комуналец – Охрид,  бидејки постои основано сомневање дека во текот на 2008 година сториле кривични дела  Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 3 и став 5 во врска со став 1 од Кривичниот Законик на Република Македонија со тоа што при раководењето и управувањето со  јавното претпријатие и при располагањето со средствата на претпријатието, во спроведувањето на постапките за јавни набавки ја злоупотребиле својата службена положба и овластувањата и не обезбедиле законито користење на средствата и притоа, за себе или за друг, прибавиле  значителна имотна корист, а на претпријатието му нанеле значителна штета.
Иницијативата се темели на утврдени состојби на :

  1. непочитување на Законот за јавни набавки при вршење на јавни набавки за потребите на претпријатието и тоа :
    - во спроведени постапки за јавни набавки во вредност од 12.316.000,00 денари при кои се практикувало неутврдување на количините на набавката и на изворот на средствата потребни за реализација на набавката, склучување на договор без определување на вредноста на договорот, а во два случаи на јавни набавки неосновано и без соодветен извештај од Комисијата за јавни набавки биле склучени договори во постапка со преговарање без претходно објавување на оглас.
    - при набавки на стоки без да биде спроведена постапка за јавна набавка во износ од 224.000,00 денари
  2. спроведување на трансакции и исплати на застарени побарувања од минати години (2004 и 2005), во текот на 2008 и 2009 година , на седум правни лица во вкупен износ од 694.000,00 денари
  3. плаќање без веродостојна документација и без настанат должничко доверителски однос  во износ од 846.000,00 денари и
  4. други случаи на нанесување на штета на претпријатието и непревземање на мерки за заштита на неговиот  имот во вршењето на дејноста од јавен интерес.
- Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на одговорното лице – поранешен  директор, како и на други одговорни лица и членови на органите на управување на Јавното  претпријатие  за  комунални работи ,,Комуналец,, Кавадарци  поради основано сомневање дека во текот на 2008 година сториле кривични дела  Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 3 и став 5 во врска со став 1 од Кривичниот Законик на Република Македонија и Несовесно работење во службата од член 353-в од Кривичниот Законик на Република Македонија.
Иницијативата се темели на утврдени состојби на :
  1. непочитување на Законот за јавни набавки при вршење на јавни набавки за потребите на претпријатието и тоа :
    - во спроведени постапки за јавни набавки во вкупна вредност од 4.610.000,00 денари
    - при набавки на стоки и услуги без да биде спроведена постапка за јавна набавка во вкупна вредност од 8.054.000,00 денари
    Во повеќето случаи јавното претпријатие набавувало стоки и услуги во вредност повисока од средствата утврдени во одлуките за јавни набавки, па оттаму и вредноста на договорите била повисока од износот на планираните и обезбедените средства. Се практикувала реализација на набавка од претходна во тековна година, како и набавки на стоки кои не се во функција на работењето на јавното претпријатие.
  2. непочитување на прописите за платниот промет, при што, од вкупно примените парични средства во готово на име дневен промет во износ од 30.275.000,00 денари, еден дел, во износ од 4.549.000,00 денари, не биле уплатени на соодветната трансакциска сметка и биле искористени за исплата на материјални трошоци и за исплата на плати без притоа да бидат платени  даноци и придонеси од плата . Освен ова, биле исплатувани плати и во износ од 25.663.000,00 денари во готово , дел од дневен пазар, а дел со подигање на паричните средства во готово на име материјални трошоци.
  3. неплаќање на даноци  и придонеси на штета на буџетот на Република Македонија и воедно на штета на јавното претпријатие заради зголемување на трошоците за камати заради ненавремено плаќање.
  4. предизвикување на загуби во работењето со непревземање на мерки за склучување на договори со корисниците на услугите и за наплата на приходи од сметки и извршени услуги и
  5. 5.    други случаи на нанесување на штета на претпријатието и непревземање на мерки за заштита на неговиот  имот во вршењето на дејноста од јавен интерес.
Одборот за контрола на материјално-финансиското работење на јавното претпријатие на седница одржана во месец мај  2009 година дал, до Управниот одбор, негативно мислење за Извештајот за работењето на претпријатието во 2008 година.
Врз основа на вака даденото мислење Управниот одбор на ЈП донел заклучок за неприфаќање на Извештајот за работењето на претпријатието во 2008 година .
По неприфатениот Извештај  на 16.06.2009 година расправал Советот на општина Кавадарци кој донел Одлука за недавање согласност на Годишната сметка и Извештајот за работењето на претпријатието во 2008 година.
 
- Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на одговорни и службени  лица, градоначалник и други службени лица одговорни за спроведување на постапките за јавни набавки, од општина Желино поради основано сомневање дека во периодот 2004-2009 година, при застапувањето и претставувањето на општината, при располагањето со средствата на општината и при спроведувањето на постапките за јавни набавки не обезбедиле правилно и законито користење и заштита на средствата сопственост на општината и притоа за себе или за друг прибавиле имотна корист со што сториле кривични дела Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 3 и став 5 во врска со став 1 од Кривичниот Законик на Република Македонија и Несовесно работење во службата од член 353-в од Кривичниот Законик на Република Македонија.
Иницијативата се темели на утврдени состојби на :
  1. непочитување на Законот за јавни набавки при вршење на јавни набавки во периодот 2004 -2009 година и тоа :
    - при спроведување на постапка по отворен повик бр. 03/05 за набавка на огревно дрво, нафта за затоплување и бетонски плочки кога за позицијата набавка на бетонски плочки за најповолни понудувачи биле избрани два понудувачи со негативен бонитет од Централниот регистар на РМ , односно и еден со истечена важност на бонитет,
    - при спорведување на постапка по отворен повик бр. 2/2006  за асфалтирање на делница од локален пат кон село Седларево, без одлука за јавна набавка и без објава на повикот, а во вредност од 2.983.000,00 денари
    - при спроведување на набавка – изградба, реконструкција и мрежа на јавно осветлување во подрачјето на општината за 2005 година, со постапка за јавна набавка од мала вредност без утврден износ на планирани и обезбедени средства за набавката и без одлука за избор на најповолен понудувач,
  2. недокументирани јавни набавки во износ од 6.005.000,00 денари – постапки за кои се нема уверување дека се спроведени постапки за јавни набавки од кои 2.505.000,00 денари за поправки и одржување на улично осветлување, набавка на бехатон плочки, чистење на снег и др. , како и 3.500.000,00 за продолжување на изведба на фекална канализација за која во 2008 година општина Желино склучила Анекс договор кон основен договор од 2003 година, со поминат рок на важење -  спротивно на Законот за јавните набавки и на мислењето од Бирото за јавни набавки, а за која набавка требала да спроведе нова постапка за доделување на договор за јавна набавка,
  3. задолжување на општината, по донесена одлука на Советот на општина Желино за набавка на патнички моторни возила во 2005 година , односно и во 2009 година, спротивно на одредбите од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа со кои се уредува долгорочното задолжување на едниците ма локална самоуправа.
  4. направени расходи во износ од 145.000,00 денари за гориво и телефонски разговори по фактури од приватна здравствена установа и аптека со кои општина Желино склучила договор за користење на моторно возило и мобилен телефон, за кои се нема доказ дека се направени во целост за потребите на општината.
    Во овој случајот се работи за ПЗУ и аптека, со кои градоначалникот, со оглед на тоа што во нив има сопственичко учество, не може – согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, да воспоставува деловни односи.
    Инаку, предметниот договор бил склучен на определено време и повеќе не е на важност, а како причина за оваа состојба била наведена блокираноста на сметката на општината Желино.


 

 
< Претходно

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo