Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Информација за медиумите Испечати Е-пошта
logo-kontakt_5003.02.2012 Денешната конференција за медиумите, Државната комисија за спречување на корупцијата ја свика со цел да ја извести јавноста за работи од својата надлежност, а се однесуваат на повеќе иницијативи за кривично гонење, констатирано прекршување на Законот за спречување на корупцијата и во врска со тоа поднесување барање за поведување прекршочна постапка и постапка за испитување на имотот и имотната состојба, како и за предмети што се однесуваат на судир на интереси во извршувањето на јавни фукции на одделни категории лица. 
1.
   
Почитувани, ДКСК постапувајќи согласно со своите законски надлежности, утврдени во член 49 став 1 , алинеа 6 , од законот за спречување на корупцијата, Изборниот законик на РМ и Законот за финансирање на политичките партии.а во врска со спроведените предвремени парламентарни избори, до Основното Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и до Јавниот Обвинител на РМ достави 3 иницијативи за кривично гонење на:

1 А. П.  во својство на организатор на изборна кампања (овластено лице на коалицијата која организира изборна кампања) на коалицијата СДСМ и други политички партии, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело – Злоупотреба на средства за финансирање на изборната кампања од член 165 а  став 2  во врска со став 1 од истиот член на Кривичниот законик на РМ.
Во посочениот член од Кривичниот законик,  во ставот 1 се посочуваат елементите на делото за кое ДКСК основано се сомнева дека е извршено - „Организатор на изборна кампања кој со непријавување на изворот на финансии на изборна кампања, со спречување на надзор на трошењето на планираните средства, со неподнесување на финансиски извештај за потрошените средства, со пречекорување на законските ограничувања на средствата дозволени за изборната кампања, со исплати спротивни на намените за финансирање на кампањата или на друг начин го злоупотреби своето со закон определено овластување како организатор на кампањата;


2 С. Н. во својство на одговорно лице – управител со неограничени овластувања во внатрешниот и надворешниот промет на правното лице А1 ТЕЛЕВИЗИЈА ДООЕЛ Скопје заради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања од член 165 а, став 2 и 3  од Кривичниот законик на РМ, на тој начин што го Злоупотребил своето овластување определено со закон и дал непотполни и лажни податоци за дадени донации и со обезбедување на недозволени средства за изборната кампања . и

3 Б. Ш. во својство на одговорно лице – управител со неограничени овластувања во внатрешниот и надворешниот промет на правното лице ПЛУС ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје заради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело Злоупотреба на средства за финансирање на изборната кампања од член 165 а, став 2 и 3 од Кривичниот законик на РМ, со тоа што злоупотребувајќи го своето овластување определено со закон дал непотполни и лажни податоци за дадени донации и со обезбедување на недозволени средтства за изборната кампања.

(Член 165-а став 2 ) ќе се казни и одговорното лице во правното лице кое со непријавување на донации и други средства за изборна кампања, со спречување на надзор над финансирањето или помагањето на друг начин на изборната кампања, со неподнесување  на финансиски извештај или со давање на лажни или непотполни податоци за дадени донации и други средства, со пречекорување на законските ограничувања на средства дозволени за изборна кампања, со обезбедување на недозволени средства за избор на кампања, со исплати спротивни на  намената за финансирање на кампањата или друг начин го злоупотреби своето овластување определено со закон

(Член 165-а став 3)Тој што спротивно на ограничувањата определени со закон тајно ке донира за туѓа изборна кампања  и кампања за избори во кој самиот учествува со износ кој во поголема вредност го надминува законскиот максимум ќе се казни со парична казна или затвор до три години.

2.

Исто така ДКСК постапувајќи по два предмети, еден оформен врз основа на пријава доставена од директор на Државен Студентски Дом Пелагонија, и втор, оформен по доставен Конечен извештај за извршени ревизии на финансиски извештаи и ревизии на усогласеност за 2009 година на ДСД Пелагонија,  достави, до  Основното Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и до Јавниот Обвинител на РМ ,  иницијатива за кривично гонење против :

1 А. С. – ВД Директор од 15.08.2007 до 25.12.2008

2 Др. И. А. – ВД Директор од 24.12.2008 до 25.09.2009

3 Б. М. – ВД Директор од 25.09.2009 до 11.03.2010 од кога е именуван за директор на ДСД Пелагонија Скопје.

Имено, постои основано сомневање дека во периодот од 2007 до 2009 година именуваните сториле кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 3 и став 5 во врска со став 1 од истиот член и несовесно работење во службата од член 353 в од Кривичниот законик на Р.Македонија со тоа што во раководењето со јавната установа која врши дејност од јавен интерес ДСД Пелагонија Скопје, при располагањето со средства на ДСД и при спроведувањето на постапките за јавни набавки со искористување на својата службена положба и овластување и со пречекорување на своите службени овластувања на ДСД Пелагонија му нанеле значителна штета и создале можност за прибавување значителна имотна корист за себе или за друг .

Имено, меѓу другото во 2008 година
- ДСД Пелагонија Скопје вршел набавки спротивно на законот за јавни набавки без постапки со објавување на јавен повик и врз основа на договори склучени во 2006 и 2007 година на кои им била престаната важноста и по кои веќе била набавена договорената вредност на стоки .
На ваква основа во 2008 ДСД набавил производи и услуги во вредност од 29.619.226,00 денари.
Освен тоа во истата година за други набавки во вредност од 3.499.155,00 денари кај ДСД се практикувало делење на набавките и нивно спроведување без постапка и како мали набавки.
Кај дел од набавките неколку пати во годината цените на производите се менувале така што истите се набавувани по повискои цени во зависност од движењето на цените на пазарот а не според однапред договорените и утврдени цени за годишни набавки.

Во 2009 година, од вкупно 14 постапки за јавни набавки во вредност од 48.818.000,00 денари кои претставуваат 38% од сите јавни набавки за 2009 година а кои биле опфатени со ревизијата на ДЗР се констатира дека ДСД исплатил вкупно 15.005.000,00 денари за набавка на стоки и користење на услуги спротивно на законот за јавни набавки .

- Во ДСД и во 2009 година продолжила практиката на издавање простории под закуп по договори со кои му се нанесува птета на ДСД, а без добиено одобрение од министерството за образование и наука и по цени определени од директорот без претходно одобрување од управниот одбор. По однос на издавањето на простории под закуп, ДКСК констатира дека на тој начин е нанесена значителна штета на ДСД Пелагонија и создале претпоставки за прибавување значителна имотна корист за себе или за друг .

3.

ДКСК постапувајќи по предмет оформен во врска со конечен извештај на ДЗР за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија за усогласеност за 2009 година кај универзитетската клиника за Инфективни болести и Фебрилни состојби а врз основа на член 49 став 1 алинеа 6 од законот за спречување на корупција донесе заклучок до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и до државниот Јавен Обвинител да покрене иницијатива за кривично гонење на Звонко Миленковиќ ВД Директор од 08.07.2008 година како одговорно лице во универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје поради постоење основано сомневање дека во периодот 2008 – 2009 година сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 3 и став 5 во врска со став 1 од кривичниот законик на РМ .

Именуваното лице при располагањето со средствата на универзитетската клиника и при спроведувањето на постапките за јавни набавки и доделувањето на договори за јавни набавки не обезбедил законито користење и заштита на средствата сопственост на универзитетската клиника со што е предизвикана значителна штета на јавната здравствена установа и создадена е можност за прибавување имотна корист за себе или за друг. Ова особено се однесува на констатираното кршење на одредбите од Законот за јавни набавки при планирањето, спроведувањето и реализацијата на 18 постапки за јавни набавки спроведени во 2008 и 2009 година во вкупен износ од 103.350.000,00 денари .

4.

ДКСК постапувајќи по предмет оформен во врска со конечен извештај на ДЗР за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност за 2010 година кај јавното претпријатие за стопанисување со пасишта Скопје врз основа на член 49 став 1 алинеа 6 од законот за спречување на корупцијата донесе заклучок до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и до републичкиот јавен обвинител покрена иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на Љулзим Сулејмани директор во периодот од 29.04.2009 до 12.01.2011 година во својство на одговорно лице во Јавното претпријатие за стопанисување со патишта Скопје поради основано сомневање дека во периодот 2009/2010 година сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 3 вв со став 1 од кривичниот законик на РМ . Именуваниот при застапувањето и претставувањето на јавното претпријатие и при располагањето со средствата не обезбедил законито користење и заштита на средствата сопственост на јавното претпријатие при што е нанесена штета на јавното претпријатие и создадена е можност за прибавување имотна корист за себе или за друг .  Ова се однесува на склучени договори за закуп на пасишта и пасишни парцели во однос на бесправно користење на државното земјиште , непочитување на законските одредби при склучен договор за концесија , за ископ на минерални суровини и создавање ефект на незаконско и ненаменско користење на пасиштата , нереално прикажани трошоци за угостителски услуги , поправки и сервис на возила , сметки за гориво на службени возила,исплатени надоместоци за користење на сопствено возило, во вкупен износ од 1.214.000,00 денари поради непостоење на веродостојна документација што е спротивно на Законот за трговски друштва и може да доведе до несовесно користење и злоупотреба на средствата од страна на вработените во јавното претпријатие . 

5.

Врз основа на член 49 став 1 алинеа 6 од законот за спречување на корупцијата, постапувајќи по предмет оформен врз основа на пријава на корупција, доставена од физичко лице, и по прибавен конечен извештај за извршена ревизија на финансиски извештај за 2008 година – сметка за самофинансирачки активности на Агенцијата за Цивилно Воздухопловство - Скопје, ДКСК донесе заклучок до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција да достави иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на

1 – Е. Ф. – директор до 26.08.2008

2 – З. К. – директор од 29.08.2008 и други службени лица од Агенцијата за Цивилно Воздухопловство - Скопје, бидејќи постои основано сомневање дека во текот на 2008 година сториле кривични дела :  Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 3 и став 5 во врска со став 1 од истиот член и Несовесно работење во службата од член 353 в од Кривичниот законик на РМ со тоа што во раководењето со Агенцијата за Цивилно Воздухопловство и во располагањето со средствата во финансиските трансакции на истата при спроведувањето на постапките за јавни набавки искористувајќи ја својата службена положба и овластувањата на агенцијата за цивилно воздухопловство и нанеле значителна штета и создале можност за прибавување значителна имотна корист за себе или за друг .

Во постапувањето по пријава за корупција доставена од физичко лице во која се укажува на незаконско спроведување на постапките за јавни набавки од страна на АЦВ (порано Управа за Цивилна Воздушна Пловидба), ДКСК од ДЗР го прибави конечниот извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи за 2008 година – сметка за самофинансирачки активности на АЦВ Скопје . При увидот утврди дека кај АЦВ во спроведувањето на постапките за јавни набавки не е остварено законско и наменско користење на средствата во финансиските трансакции во 2008 година .

- Не биле спроведени постапки за јавни набавки на стоки и услуги во вкупен износ од 4.045.000,00 денари .

- За набавка на voice loging systems за контрола на летање на аеродромот во Охрид, АЦВ склучила договор со правно лице – добавувач, без да биде обезбедена гаранција за квалитетно и навремено извршување на работите во висина од 5% од договорената цена, во износ од 4.937.000,00 денари, без ДДВ . При набавка на две моторни возила во вкупен износ од 5.649.000,00 денари, била спроведена постапка за јавна набавка во која свои понуди доставиле две фирми, меѓутоа како документ за исплата по овој основ АЦВ исплатил средства по доставени фактури од фирма која не била понудувач во постапката за јавни набавки .

- Во 2007 била спроведена постапка за јавни набавки на канцелариски материјал и бил склучен договор со економски оператор во вкупен износ од 2.100.000,00 денари, со вклучен ДДВ. Важноста на договорот била со неопределен рок  - до целосно исполнување на вкупната вредност на предметот на набавката. Во текот на 2008 година поради блокада на жиро сметката на економскиот оператор, тие не можеле целосно односно за вредност од 241.000 денари да ја исполнат својата обврска. По ова, до целосното исполнување на договорениот износ, набавките на АЦВ се одвивале преку друго правно лице како добавувач и без спроведена постапка за јавна набавка.

- Во 2008 година во неколку случаи од АЦВ биле вршени плаќања врз основа на нецелосна документација кој во вкупен износ изнесуваат 15.003.000,00 денари.
- Плаќања на трошоци за мобилна телефонија за 2008 година во износ од 2.777.000,00 денари и плаќања за набавка на гориво без можност да се утврди дали се користени за службени потреби преку Верна картичките биле потрошени вкупно 5.505.000,00 денари без да биде воспотавена соодветна евиденција на лицата корисници .

6.

Во врска со написи во одделни печатени медиуми во мај 2011 година дека лицето Бранко Црвенковски во својство на претседател на Владата на Република Македонија и Претседател на Република Македонија во анкетните листови за стапување на функција и за нејзино напуштање го нема пријавено сиот имот на што бил обврзан според Законот за спречување на корупцијата на 30 мај Државната комисија за спречување на корупција отвори предмет.

Наводите во весниците упатуваа на непријавена недвижност од 395 м2 на островот Корчула во Република Хрватска, сопственост на сопругата на г-динот Б. Ц., Ј.Ц. родена Димитровски и на непријавен имот на сопругата во Белград , Република Србија.
Бранко Црвенковски стапува на функција Претседател на Владата на Република Македонија на 2.11.2002 година и истата ја извршува до 12 мај 2004 година кога е избран за претседател на државата која функција ја извршува до 12 мај 2009 година.

Обврската за пополнување на анкетен лист со податоци за имотната состојба на избраното односно на именуваното лице и за членовите на неговото потесно семејство е воспоставена со донесувањето на Законот за спречување на корупцијата согласно со кој Бранко Црвенковски првиот анкетен лист до ДКСК го доставил на 28 декември 2002 година на образец што важел една година, а на новиот образец донесен од ДКСК Бранко Црвенковски доставил анкетен лист на 31 декември 2003 година. За периодот на извршувањето на споменатите функции еднаш на 11 март 2003 година Бранко Црвенковски во својство на претседател на државата поднел известување до ДКСК за промена на имотната состојба што се однесува на неговата сопруга Јасмина Црвенковска и тоа дека патничкото возило Поло наведено во анкетниот лист е отуѓено и е купено ново моторно возило Широко во вредност од 1.325.475,оо денари со кредит од Комерцијална банка а.д – Скопје во вредност од 914.578,оо денари и со рок на враќање од 7 години. Последниот анкетен лист во ДКСК е доставен по престанокот на функцијата Претседател на Република Македонија на 12. 06.2009 година што од формален аспект е во согласност со законот.

Во сите споменати анкетни достави до ДКСК не е посочен имот како сопственост на сопругата на Бранко Црвенковски на островот Корчула во Република Хрватска ниту е пријавено нејзиното наследство на една третина на имотот на нејзиниот покоен татко.

Со цел надлежно постапување во спроведувањето на Законот за спречување на корупцијата, ДКСК побара од надлежни органи официјални информации и документи.

По нивното добивање, несомнено се покажува дека во однос на парцелата на Корчула фактичката состојба е непроменета што значи дека тој имот од 395м2 и во 2011 година припаѓа на Јасмина Димитровски, сопруга на Бранко Црвенковски.

Инаку имотот е купен во 1979 година, а од 1981 година е внесен во Катастарот на Република Хрватска и е заведен на име Јасмина Димитровски.

Исто така од добиените документи ДКСК се осведочи дека Ј.Д. сопруга на Б.Ц. од 2003 година е наследник на една третина од вкупниот имот на нејзиниот покоен татко што исто така не е пријавено во анкетниот лист во време во кое нејзниот сопруг бесе претседател на Владата на Република Македонија.
Во наследното решение донесен од 5-ттиот Општински суд во Белград, Јасмина Димитровски е наследник на една третина од стан на улица Господара Вучиќа  број 174-д со квадратура од 76,70м2 на недвижност – овоштарник и нива од 43 ари и 13 м2, гаража од 15м2 како и девизни парични средства во измос од 26.545 американски долари, 19.534 германски марки и 2.546 швајцарски франци, сето како стара девизна заштеда.

Овој имот не е пријавен во анкетниот лист доставен до ДКСК во време кога е настаната промената и кога Бранко Црвенковски ја вршеше функцијата Претседател на Владата на Република Македонија ниту во анкетниот лист по престанокот на функцијата Претседател на Република Македонија од 12.06.2009 година, што значи и по однос на оваа сопственост на член на најтесното семејство – брачен другар Бранко Црвенковски го прекршил Законот за спречување на корупцијата.

Од изнесеното произлегува дека постои основано сомневање дека сопругата на Б.Ц. има имот кој нејзиниот сопруг како избрано и наименувано лице било должно да го пријави во анкетниот лист што се доставува до УЈП и до ДКСК. Од овдека имајќи ја во предвид фактичката состојба ДКСК поднесува: 1. Согласно со членовите 33, 34 и 63 од Законот за спречување на корупцијата, до надлежниот прекршочен суд, барање за поведување прекршочна постапка
2. Согласно член 36 од Законот за спречување на корупцијата до Управата за јавни приходи, барање за поведување на постапка за испитување на имотот и имотната состојба на Б.Ц.  
7.

ДКСК, расправајќи по пријави кои се однесуваат на судир на интереси отвори предмет за проверка на веродостојноста на наводите дека судии на уставниот суд покрај својата судска функција предаваат и на универзитетите ширум републиката.
Во таа насока ДКСК ќе ги провери наводите и доколку констатира дека се вистинити, веднаш ќе побара уставните судии да излезат од состојбата на судир, бидејќи согласно уставот на РМ недозволено е судија на Уставниот суд да обавува и друга дејност, вклучително и едукативна .  Во таа насока, покрај излегувањето од состојбата на судир на интереси, а Уставниот суд треба да оцени дали Уставните судии повредиле интерни правила и на нив ќе остане можноста да бараат и друг вид на одговорност од нив.

Исто така ДКСК констатира дека има случаи каде што судии и јавни обвинители се ангажирани како професори на универзитетите низ републиката а некои од нив покрај тие двојни функции се членови и на Управни Одбори на одредени институции .

Постојната законска регулатива би рекол сеуште го нема забрането тоа, но, ДКСК цени дека професијата судија и јавен обвинител е многу авторитетна и моќна општествена позиција. Ангажманот на овие луѓе како предавачи на универзитетите од републиката не значи ништо друго туку превисока акумулација на моќ, што е една од формите на судир на интереси и само по себе подразбира дека негативно влијае и го урива концептот и основната идеја – еднаш судија, цел живот судија. Токму од овие причини ДКСК сугерира на Републичкиот Судски Совет и на Советот на Јавните Обвинители да ги преиспитаат издадените согласности за бавење со дополнителна дејност на своите судии, односно јавни обвинители .
Инаку, ДКСК во државната програма за превенција и репресија на корупцијата предвидува измени на законските решенија со кои се остава простор за вршење дополнителна дејност на судиите и јавните обвинители .

Исто така ДКСК ги повикува и останатите носители на јавни функции, да ги стават во мирување дополнителните ангажмани, се додека ги извршуваат функциите на кои се избрани или наименувани. Овој апел се однесува и на пратениците.

За крај ДКСК најавува дека ќе ги повика  Сенатите на Битолскиот  и Штипскиот универзитет да ги поништат одлуките за избор на ректори и да спроведат нова постапка, бидејќи изборот на ректорите е извршен во изборниот период, што е спротивно на одредбите од Законот за спречување на корупцијата.

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo