12.03.2012 На 23 февруари 2012 година, Здружението ИНСТИТУТ ЗА СИСТЕМСКИ РАЗВОЈ НА КАПАЦИТЕТИ ВЛ ИМПАКТ од Скопје, потпиша Согласност за пристапување кон Меморандумот за взаемна поддршка за спречување на корупцијата и судирот на интереси, кој на 28.12.2010 беше потпишан меѓу ДКСК и 17 граѓански организации, а кон кој се приклучија и Македонскиот центар за лобирање–Битола во февруари 2011 година, Здружението на граѓани „Младински образовен форум“ во декември 2011 година и Институтот за Демократија „Социетас Цивилис“ од Скопје, на 31 јануари 2012 година.
|