23.05.2012 Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) во соработка со Бизнис Конфедерацијата на Македонија (БКМ) на 22 мај 2012 година (вторник) во хотел Карпош, Скопје, одржа форум работилница на тема “Бизнис Етика - Спречување на корупција преку воспоставување на етички бизнис практики“.
Целта на работилницата беше разгледување и дискусија на нацрт верзијата на Бизнис Етичкиот кодекс, како алатка со која се докажува спроведувањето на позитивна и етичка политика, но и можност за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
Работилницата беше финансиски подржана од Британската амбасада во Скопје преку проектот “Поддршка во имплементација на политиките на антикорупциските мерки“.
|