Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Соопштение Испечати Е-пошта

во врска со состојбата која се однесува на избор на лица од судската фела на позиции во судството

logo-kontakt_50 10.09.2012 На една од своите неодамна одржани седници Државната комисија за спречување на корупцијата расправаше за состојбата која се однесува на избор на лица од судската фела на позиции во судската власт, конкретно по повод кандидатурата на член на Судскиот совет на РМ за избор за судија на Вишиот управен суд на РМ.

Од аспект на своите приоритетни цели- спречување на корупцијата и намалување на појавите на судир на интереси и доследно спроведување на законот за спречување судир на интереси за кој е надлежна, Државната комисија констатира дека во конкретниот случај е повреден Законот за спречување судир на интереси. Ова од причини што станува збор за еклатантен пример на користење на службената положба и овластување за добивање на привилегирана позиција во насока на остварување сопствен интерес. Практицирањето на ваквата можност според Државната комисија имплицира и други неповолни димензии изразени преку создавање услови за привилегирана положба на одредени службени лица, злоупотреба на функцијата за остварување приватни цели, привилегирање на членовите на Советот наспроти другите лица кои потпаѓаат под категоријата судска власт, поттик за идентично однесување и на останатите службени лица од други државни органи, можност за различен третман на службените лица за идентична позиција и тоа со подредување на општите интереси и на принципите за владеење на правото во полза на лични интереси.
Имајќи го предвид наведеното за Државната комисија за спречување на корупцијата не постои дилема дека станува збор за недозволива појава чие практицирање ги доведува службените лица во состојба на судир на интереси.
Тргнувајќи од фактот дека ваквата состојба е спротивна на одредбите на Законот за спречување судир на интереси, Државнта комисија за спречување на корупцијата укажува на потребата носителите на јавни функции- службени лица да посветат особено внимание при своето постапување при кандидирањето за соодветна позиција со цел да го пресретнат и спречат можниот фактички судир на интереси.

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo