Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

10 години ДКСК Испечати Е-пошта
konferencijathumb На 12.11.2012 година Државна комисија за спречување на корупцијата одбележа 10 години од нејзиното  основање. На пригодниот настан беа поканети и присуствуваа претсавници на многубројни домашни и  меѓународни институции и организации. По тој повод воведно обраќање имаше Претседателот на Државна    комисија за спречување на корупцијата г-ѓа Љубинка Корабоска, а се обратија и Претседателот на Собранието  на Република Македонија г. Трајко Вељаноски и претставникот на Европската комисија во Република Македонија  Амбасадорот Аиво Орав.
 
konferencijathumb Воведно обраќање на Председателот на Државна комисија за спречување на корупцијата г-ѓа Љубинка  Корабоска.
 
Почитувани,

 Се собравме за да проговориме за еден од најприсутните проблеми во современиот свет – корупцијата, да го одбележиме  сосема накусо периодот од десет години колку што во Република Македонија постои специјализирана институција за борба  против корупцијата и судирот на интереси, да означиме дека нашата земја за една декада има направено многу во  спречувањето на оваа крајно штетна општествена појава.

Познато е дека корупцијата не е проблем од вчера и кој ќе го нема утре, дека е проблем што не познава територијални, државни и други граници, дека борбата против корупцијата не се исцрпува само преку еден чин или во определен временски период, туку дека е проблем од метастатичен вид.

Сето ова значи дека борбата против корупцијата треба да биде постојана и трајна, свртена кон елиминирање на причините што ја генерираат нејзината појава, кон брзо разоткривање на нејзините појавни форми, уште поефикасно постапување на институциите за нејзино санкционирање, се со цел да се затворат вентилите преку кои се загрозуваат виталните вредности на општествениот систем какви што се демократијата и човековите слободи и права, владеењето на правото, слободата на пазарот, конкуренцијата и компетентноста, транспарентноста и одговорноста во вршењето на јавните работи и во располагањето со јавните добра.

Познато е исто така дека за ефикасна борба против ова општествено зло се подеднакво важни политичката волја, нормативнте решенија, институционалната рамка, ефикасна примена на законите, институционалниот и личниот капацитет и интегритет, како и соработката меѓу институциите во земјата и на меѓународен план.

Врз вакви основи, пред 10 години е донесен првиот Закон за спречување на корупцијата за чие спроведување е основана Државната комисија за спречување на корупцијата со што нашата земја, без какво и да  е претерување, беше предводник, особено меѓу земјите во регионот, што навреме го согледа заканувачкиот карактер на корупцијата.

Аргумент повеќе во таа насока е фактот што Државната комисија за спречување на корупцијата е основана 5 години пред Република Македонија официјално да ги прифати со чинот на ратификација обврските од Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата кои во дел значат земјите – членки да основаат специјализирани тела за борба против корупцијата и ним да им дадат самостоен и независен статус, како и финансиски средства за ефикасна, непосредна борба против корупцијата на сите полиња и со сите расположливи средства и алатки.

Реално е да се каже дека приспособувањето на системот, на законите и на институциите е постојан предизвик кој содржи и нешто што е позитивна околност, а тоа е можноста во борбата против корупцијата да се користат искуствата и орудијата на другите земји кои подолго време и со успех се справуваат со корупцијата.

Впрочем, колку што корупцијата е глобален проблем, толку и алатките за борба против неа се искуствено проверени и употребливи за секоја земја. Истовремено со тоа секоја па и нашата земја низ практичната работа на институциите како што е Државната комисија за спречување на корупцијата има задача да одговори и на специфичните околности, услови и потреби на Република Македонија.

Ако се земат предвид законските надлежности утврдени и во Законот за спречување на корупцијата и во Законот за спречување на судирот на интереси, може со сигурност да се каже дека Државната комисија за спречување на корупцијата ја остварува својата улога на централно специјализирано тело за превенција, поттикнување на промените и иницијатор на непосредното спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Поконкретно за досегашните резултати ќе проговориме подоцна во денешната презентација, а овде само  сакам да ја потенцирам основната моментална и идна преокупација на Државната комисија за спречување на корупцијата, а тоа е јакнењето институционалниот и личниот интегритет како основна брана против корупцијата. Кога веќе за Република Македонија е оценето дека има создадено солидна нормативна и институционална рамка која треба да продуцира повисок степен на ефикасност во практичното спречување на корупцијата, тогаш е јасно дека Државната комисија за спречување на корупцијата со право е насочена кон суштинската цел во таа насока, а тоа е јакнењето на интегритетот.

И на крај на ова воведно обраќање заблагодарувајќи ви се на честа што ни ја укажувате со вашето присуството на нашата 10-годишнина, слободна сум да кажам дека тоа за нас е потврда на поддршката, соработката, па и помошта што ни ја укажувате досега и подготвеност тој процес да продолжи во иднина. 

Презенатација: Постигнувања, предизвици, планови

Галерија со слики ...

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo