07.12.2012 Државната комисија за спречување на корупцијата во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Транспаренси Интернешнл Македонија, преку проектот “Промовирање на транспарентноста и отчетноста во јавните институции”, го одбележа Меѓународниот ден за борба против корупцијата.
Државната комисија го искористи одбележувањето на овој ден, пред присутните претставници од државните институции, невладиниот и приватниот сектор, медиумите и претставниците од меѓународните организации, да ги промовира клучните активности и идни предизвици во областа на превенција и репресија на корупцијата и судирот на интереси.
На конференцијата свое воведно обраќање имаа: г-ѓа Љубинка Корабоска - Претседател на Државна комисија за спречување на корупцијата, г-ѓа Билјана Бришковска Бошкоски - Заменик Министер за правда, НЕ Амбасадор Наталја Дрозд - в.д. Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, г-дин Алесандро Фракасети - УНДП, г-дин Роберт Лидл - Раководител на политички оддел –Делегација на Европската Унија во Република Македонија и д-р Слаѓана Тасева - Претседател на Транспаренси Интернешнл – Македонија.
Пред крајот на настанот, од страна на Бизнис конфедерацијата на Македонија на ДКСК и беше доделена Благодарница за истакнување на важност и поддршка на Бизнис Етичкиот Кодекс на македонската деловна заедница.
Галерија со слики ...