Соопштение |
![]() |
![]() |
![]() 08.04.2013 Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи во согласност со своите надлежности од Законот за спречување на корупцијата и на Законот за спречување судир на интереси ги известува избраните градоначалници и членови на советите на општините и на градот Скопје на локалните избори 2013 година за обврските што им произлегуваат од споменатите закони. Имено избраните градоначалници и членови на советите се должни најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот да достават до Државната комисија за спречување на корупцијата анкетен лист со кој ќе го пријават својот имот, согласно со член 33 од Законот за спречување на корупцијата како и изјава за интереси, согласно со член 20-а од Законот за спречување судир на интереси. Обрасците на анкетниот лист и на изјавата за интереси се наоѓаат на веб страницата на ДКСК www.dksk.org.mk . Обврска за доставување анкетен лист во истиот рок од 30 дена имаат и избраните лица градоначалници и членови на советите на кои им престана функцијата градоначалник односно член на совет. Неисполнувањето по посочените обврски повлекува преземање законски мерки за прекршочна одговорност и за испитување на имотот и на имотната состојба. Со почит, Државна комисија за спречување на корупцијата |
< Претходно | Следно > |
---|