Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Соопштение Испечати Е-пошта
logo-kontakt_50

04.06.2013 Во врска со мерката Јавна опомена поради судир на интереси изречена на пратеничката Ана Павловска Данева, Државната комисија за спречување на корупцијата во интерес на објективното информирање на јавноста и согласно со своето транспарентно работење го издава следново

СООПШТЕНИЕ


Минатата 2012 година ДКСК во рамките на својата системска проверка на изјавите за интереси на избраните и наименувани функционери во законодавната власт, на осми јуни отвори предмет за судир на интереси на пратеничката во Собранието на Република Македонија избрана во 2011 година Ана Павловска Данева. Таа истовремено со оваа функција обавува наставна дејност на Правниот факултет во Скопје и е управител на трговското друштво книгоиздателство МИ-АН. Судирот на интереси е констатиран поради тоа што во законот за пратеници е утврдено дека функцијата пратеник се обавува професионално и е неспојлива со вршење на други јавни функции или професии кои се неспојливи со функцијата пратеник и не може да обавува каква и да е друга дејност што носи профит.
Утврдувајќи ја фактичката состојба ДКСК на 11.07.2012 година, согласно со своите надлежности од членот 21 од Законот за спречување на корупција, ДКСК и има доставено на пратеничката известување со барање да се откаже од управител на трговското друштво и да го отстрани судирот на интереси откажувајќи се по свој избор од едно од другите две својства поради кои се наоѓа во судир на интереси, односно од обавувањето професорска дејност или од пратеничката функција. Павловска Данева на истиот датум до Централниот регистар има поднесено барање за промена на својата раководна позиција во трговското друштво, продолжувајќи и натаму освен пратеничката функција да обавува и наставна дејност.

За конкретниот случај е важно што, поради фактот што кумулацијата на функции е најизразена форма на судир на интереси што се санкиционира во законите за спречување на корупцијата и на судирот на интереси, Собранието на РМ на почетокот на оваа 2013 година направи измена во законот за високото образование која гласи:

“Лице избрано во наставно-научно звање или соработничко звање на кое му мирува работниот однос поради вршење функција на избрано или наименувано лице не може да изведува настава или да спроведува испити, не може да биде ментор или член на комисија за оценка или одбрана на магистерски труд и докторска дисертација и не може да прима надоместок од високо образовната установа за извршена наставна, научно-истражувачка или применувачка дејност.”

И покрај ваквата стриктна законска норма, Павловска Данева “по сопствена желба” како што стои во дописот обезбеден од Правниот факултет на барање на ДКСК, продолжи да спроведува настава, се разбира за соодветен надоместок. Оттаму се исполнија условите од членот 23 од Законот за спречување судир на интереси врз кој ДКСК на 29.05.2013 ја изрече мерката јавна опомена на Ана Павловска Данева поради непостапување по барањето на ДКСК и неизлегувањето од состојба на судир на интереси.

ДКСК постапува согласно со законите и пред јавноста излегува единствено со факти, како што е и во конкретниот случај соопштувајќи факти и околности што јавноста треба да ги знае, а кои се документирани во постапувањето на Државната комисија.
 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo