26.03.2013 Со подршка на TAIEX инструментот на Европската Комисија, во деновите 25 и 26 март 2013 година, во Лондон – Белика Британија се оствари студиската посета, на претставници на Секретаријатот на ДКСК и на Секретаријатот за европски прашања при Владата на Република Македонија, во Министерството за правда на Обединетото Кралство на тема ,, Заштита на свиркачи-те ,, (Protection of whistleblowers)
Цел на студиската посета беше запознавање со законската регулатива, практиките и искуствата на Велика Британија во областа на заштитата на лицата пријавители на корупција и измами.
Во рамки на студиската посета за претставниците на Секретаријатот на ДКСК беа реализирани работилници во рамки на кои експерти од областа на заштитата на свиркачите низ соодветни презентации овозможија увид и активно запознавање со системот на пријавување и со заштитата на пријавителите во земјата домаќин.
|