Меѓународната конференција на тема “Заштита на пријавителите (whistleblowers protection) - регулатива, практика и предизвици”
06.03.2013 Државна комисија за спречување на корупцијата на 06-07 март 2013 година, со помош и поддршка на Европската Комисија преку инструментот TAIEX, реализира Меѓународна конференција на тема „Заштита на пријавителите (whistleblowers protection) – регулатива, практика и предизвици”. На конференцијата присуствуваа претставници од институциите одговорни за спроведување на концептот на интегритет, особено за делот на заштита на пријавителите како сегмент од интегритетот, од Република Македонија, регионот и пошироко, а со главна цел преку интензивна дискусија да се разменат искуства за тоа како различни земји се занимаваат со прашањето на заштита на пријавителите (whistleblowing protection) и разгледување на начините за нејзино спроведување во македонското законодавство.
|