Учество на обуки |
![]() |
![]() |
во организација на УЈП - Даночна академија
![]()
Во својство на предавачи на обуките од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата учествуваа:
Г-дин Зоран Додевски – Член на Државната комисија, за Препознавање, превенција и репресија на корупцијата, потекло, природа и суштина на корупцијата; Г-ѓа Мирјана Димовска – Член на Државната комисија за делот кој се однесува на Судирот на интереси и надлежностите на Државната комисија за спречување на корупцијата во борбата против оваа појава; и Г-дин Владимир Георгиев – Државен советник во Секретаријатот на комисијата, кој го презентираше системот на интегритет на институционално и индивидуално ниво. Со овие обуки беа опфатени вработените од Управата за јавни приходи –Регионални единици Скопје, Тетово и Кавадарци, како и во Дирекцијата за големи даночни обврзници. Следна дводневна обука за вработени во УЈП се планира да биде реализирана на крајот на јуни 2013 година. |
< Претходно | Следно > |
---|