Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Тркалезна маса Испечати Е-пошта

„ Тркалезна маса на тема „ Активности за интезивирање на имплементацијата на мерките за спречување на корупција и судир на интереси во Политичкиот сектор “

konferencijathumb20.06.2013  година – во х.Холидеј Ин, со почеток во 10 часот во организација на Државната  комисија за спречување на корупцијата и ОБСЕ мисијата во Скопје во рамките на проектот „Промовирање на  принципите на добро владеење во спроведувањето на антикорупциската политика“ се одржа тркалезна маса на  тема “Активности за интезивирање на имплементацијата на мерките за спречување на корупција и судир на  интереси во Политичкиот сектор” .

 konferencijathumbНа работилницата учествуваа претставници од политичките партии, граѓански организации и државни институции вклучени во изготвување и следење на активностите од Политичкиот сектор од Акциониот план на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата 2011-2015 година и тоа: Собрание на Р.М., Министерство за финансии, Управа за јавни приходи, UNDP, ГО Мост, Коалиција сите за правично судење, Македонски Центар за Меѓународна Соработка, Делегација на Европска Унија во Македонија и еден лобист.

Целта на тркалезната маса беше да се презентира остварувањето на мерките и активностите предвидени во политичкиот сектор од Акциониот план на Државната програма 2011-2015 и да се одредат потребните чекори и насоки за нивно имплеметирање или нивна измена со цел да се прилагодат кон барањата на институциите кои се опфатени во горенаведениот сектор. На работилницата воведно обраќање имаше претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата д-р Ѓорги Сламков, а се обрати и господинот Мауро Калво од одделот за демократско владеење – мисија на ОБСЕ во Скопје.

Во првата сесија свое излагање имаше членот на Државната комисија за спречување на корупцијата г-ѓа Мирјана Димовска во кое даде осврт на текот на остварувањето на мерките и активностите предвидени во Политичкиот сектор од Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и Државната програма за превенција и намалување на појавата на судирот на интереси со Акционен план 2011-2015 година. Во втората сесија следеше диксусија на која беше разговарано на повеќе теми, како што се: Законот за финансирање на политичките партии, Законот за лобирање, а беа дадени и насоки за поефикасна имплементација на активностите од Акциониот план од Државната програма 2011-2015 година.
 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo