„Презентација на резултатите од истражувањето на перцепцијата на граѓаните и квалитативна анализа за антикорупциските мерки во приватниот сектор“
02.07.2013 Во хотел Холидеј Ин-Скопје, со почеток во 10.30 часот во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата и ОБСЕ мисијата во Скопје во рамките на проектот „Промовирање на принципите на добро владеење во спроведувањето на антикорупциската политика“ се одржа јавна дебата на тема “Презентација на резултатите од истражувањето на перцепцијата на граѓаните и квалитативна анализа за антикорупциските мерки во приватниот сектор“. На јавната дебата учествуваа претставници од јавниот, приватниот и невладиниот сектор, како и меѓународни и домашни експерти. На јавната дебата воведно обраќање имаше Претседателот на ДКСК д-р Ѓорѓи Сламков и претставникот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Маркус Ролофс. Потоа следеше презентација на резултатите од истражувањето на перцепцијата на граѓаните за корупцијата во приватниот сектор спроведено од агенцијата Рејтинг и презентација на резултатите од квалитативната анализа за антикорупциските мерки во приватниот сектор.
|