Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Јавна опомена Испечати Е-пошта
dksk_logo09.08.2013 Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир  на интереси кај лицата Кирил Гајдов, Никола Георгиевски, Имран Жупани и Драган Димески   поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интереси  и поради извршување на две функции истовремено и тоа:
  1. Кирил Гајдов – повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интереси – истовремено со функцијата член на Совет на општина Велес на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година сеуште ги извршува,  односно не се откажал од извршување на функциите  управител во две трговски друштва – Друштво за трговија и услуги „КИБЕРГ“ увоз-извоз  ДООЕЛ  Велес  и  Друштво за производство, трговија и услуги „НОМАГ ФАРМ“ ДООЕЛ увоз-извоз  Велес што е спротивно на наведениот член  од законот.
  2. Никола Георгиевски – повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интереси –истовремено со функцијата член на Совет на општина Центар  на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година сеуште ја извршува  односно не се откажал од извршување на функцијата управител на трговското друштво – Друштво за услуги, рударство производство и трговија  „МИНКОП“ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје што е спротивно на наведениот член  од законот.
  3. Имран Жупани – повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интереси –истовремено со функцијата член на Совет на општина Гостиварна која е избран на Локалните избори одржани 2013 година сеуште ја извршува  односно не се откажал од извршување на функцијата управител на Приватна здравствена установа – ординација по општа стоматологија „ПРОТЕКТ – ДЕНТ“ Гостивар што е спротивно на наведениот член  од законот.
  4. Драган Димески  – кумулација на функции – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Велес ја извршува и функцијата член на Управен одбор на АД „МАКЕДОНСКА ПОШТА“ Скопје.
Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираните состојби на судир на интереси,  Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член  23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати лично до наведените службени лица со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето  доброволно да се откажат од извршувањето на едната од двете функции кои истовремено ги извршуваат, односно да се откажат од извршување на функцијата управител на трговско друштво или установа со што ќе ја отстранат повредата на член 9 од Законот за спречување судир на интереси, односно состојбата на судир на интереси во која се наоѓаат.

Кирил Гајдов, Никола Георгиевски, Имран Жупани и Драган Димески не постапија по барањето на Државната комисија, по што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси  Државната комисија донесе одлука на овие лица да им изрече мерка  јавна опомена.

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси  мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.
 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo