Средба на Министерот за образование и наука и ДКСК |
|
|
10.09.2013 година. Со цел подетално запознавање со имплементираните активности од проектот “Антикорупциска едукација на учениците од основните училишта” но и договор за идните планови во насока на воведување на антикорупциски содржини, најнапред во вон наставните активности по предметот Граѓанско образование во сите основни училишта, а потоа воведување на истите во редовната настава, Државната комисија за спречување на корупцијата реализираше работна средба со Министерот за образование и наука г-дин Спиро Ристовски.
На средбата покрај проектните активности и следните чекори во насока на проширување на проектот за што се обезбеди целосна поддршка, се разговараше и за други теми кои ги тангираа двете страни: корупција во образованието, нејзините форми, како и соработката на овие две институции за поефикасна превенција и репресија на истите.
|