21.10.2013 Во рамките на работната средба што Државната комисија за спречување на корупцијата ја имаше со Службата за борба против измами на Каталонија на 18 октомври 2013 година во Барселона, беше потпишан Протокол за соработка помеѓу двете институции. Средбата беше реализирана како дел од проектот “Промовирање на принципите на добро владеење во спроведување на антикорупциската политика“ на ОБСЕ мисијата во Скопје и ДКСК. Покрај потпишувањето на Протоколот двете институции разменија искуства за своето надлежно постапување.
Протокол за соработка
|