Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Соопштенија arrow Соопштение
Соопштение Испечати Е-пошта
dksk_logo 29.10.2013
Државната комисија за спречување на корупцијата, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Делегацијата на Европската унија организираат дводневна конференција на тема „Добри практики и предизвици во финансирањето на политичките партии и во финансирањето на изборните кампањи“ што ќе се одржи на 30-31 октомври 2013 година, во хотел Арка во Скопје.

Конференцијата ќе започне во 09:30 часот на 30 октомври.

Конференцијата има за цел преку дебата за препораките од  Венецијанската комисија, ОБСЕ / ОДИХР и ГРЕКО во оваа област да се придонесе во процесот на подобрување на изборната регулатива на Република Македонија.

На конференцијата ќе учествуваат претставници од државни органи и други надлежни институции, политички партии, невладини организации, како и домашни и меѓународни експерти водечки во областа на финансирањето на политичките партии и на изборните кампањи при што ќе се дебатира на следните тематски подрачја:

•    Стандарди и добри практики на политичките партии во нивното финансирање
•    ГРЕКО евалуации за финансирање на политички партии
•    Финансирање на изборната кампања како дел од партиското финансирање: предизвици, транспарентност и отчетност
•    Механизми за ефикасен надзор на финансирањето на политичките партии
•    Извори и ограничувања во финансирањето на изборната кампања
•    Улогата на медиумите во финансирањето на изборната кампања
•    Транспарентно известување за финансирањето на изборната кампања

Со оглед на актуелноста и значењето на темите на конференцијата, со ова соопштение организаторите ги канат сите заинтересирани медиуми да го проследат настанот и да ја известат најшироката јавност. 

ДНЕВЕН РЕД
Конференција „Добри практики и предизвици во финансирањето на политичките партии и финансирањето на изборните кампањи“
    хотел Арка, Скопје   
30-31 Октомври 2013 година


 Среда 30 октомври

09:00 – 09:30 Регистрација на учесниците

Утринската сесија - Добри практики и предизвици кај политичките партии и финансирање на изборната кампања

09:30 -10:30 Воведно обраќање
 
Г-дин Ѓорги Сламков, Претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата
Г-дин Роберт Лидл, Раководител на политички оддел, Делегација на ЕУ
Г-дин Ралф Брет, Шеф на Мисија на ОБСЕ во Скопје
Г-дин Субхи Јакупи, Потпретседател на Државната изборна комисја
Г-ѓа Тања Таневска, Главен државен ревизор, Државен завод за ревизија

 Модератор: Мирјана Димовска, Член на ДКСК

10:30- 11:00 Пауза за кафе

11:00-11:30 Стандарди и добри практики кај политичките партии и финансирање на изборната кампања

Г-дин Marcin WALECKI, Раководител на оддел за демократско владеење, ОБСЕ/ОДИХР

11:30-11:45 Прашања и одговори

11:45-12:30 ГРЕКО евалуации за финансирање на политички партии 

Г-дин Yves-Marie DOUBLET, Заменик директор на Генералниот секретаријат на Националното собрание на Франција и ГРЕКО експерт за финансирање на политички партии

Г-ѓа Анета Арнаудовска, Директор на Академијата за судии и јавни обвинители и Шеф на Делегацијата на РМ во ГРЕКО

12:30-12:45 Прашања и одговори

12:45-13:00 Затворање на сесијата (од страна на модераторот) 


Попладневна сесија - Финансирање на политички партии

14:15-14:30 Вовед во темата (од страна на модераторот)

Модератор: Мирјана Димовска, Член на ДКСК

14:30-15:00 Финансирање на изборната кампања како дел од партиското финансирање: предизвици за транспарентност и отчетност

Г-дин Hans – Heinrich VOGEL, поранешен член на Венецијанската Комисија и експерт за финансирање на изборни кампањи

Г-ѓа Гордана СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА, Професор по Уставно право, претставник на Република Македонија во Венецијанската комисија

15:00-15.15 Прашања и одговори

15:15-15:45 Механизми за ефикасен надзор на финансирањето на политичките партии

Г-дин Magnus OHMAN, Виш политичко финансиски советник, (Меѓународна фондација за изборни системи – IFES)

15:45-16:00 Прашања и одговори

16:00-16:30 Пауза за кафе

16:30-17:00 Случај на Студија: Финансирање на политички партии во Литванија

Г-ѓа Elena MASNEVAITE, Потпретседател на Централната изборна комисија, Литванија

17:00-17:15 Прашања и одговори
 
17:15-17:20 Затворање на сесијата (од страна на модераторот)



Четврток 31 октомври


Утринска сесија – Финансирање на изборните кампањи

10:00-10:10 Вовед во темата (од страна на модераторот)

Модератор: Мирјана Димовска, Член на ДКСК

10:10-10:40 Извори и ограничувања во финансирањето на изборната кампања

Г-ѓа Тања КАРАКАМИШЕВА–ЈОВАНОВСКА, Професор по уставно право и политички систем

10:40-10:55 Прашања и одговори

10:55-11:25 Улогата на медиумите во финансирањето на изборните кампањи

Г-дин Зоран ТРАЈЧЕВСКИ, Претседател на Совет за радиодифузија
Г-дин Jacob ROWBOTTOM, Оксфорд Универзитет, Правен факултет
 
11:25-11:40 Прашања и одговори

11:40-12:10 Пауза за кафе

12:10-12:40 Транспарентно известување за финансирањето на изборните кампањи

Г-дин Krzysztof LORENTZ, Директор на Национална изборна канцеларија (Полска)
 
12:40-12:55 Прашања и одговори

12:55-13:25 Заклучни согледувања

Г-дин Marcin WALECKI, Раководител на оддел за демократско владеење, ОБСЕ/ОДИХР

13:25-13:30 Затворање на конференцијата (од страна на модераторот)


 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo