Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Активности на ДКСК Испечати Е-пошта
1.Активности за изготвување на Државната програма за
 превенција и репресија на корупцијата

Согласно со член 49 став.1 точка 1 од Законот за спречување на корупцијата, (“Сл. Весник на РМ” бр. 28/02) и чл. 21 став 2 од Законот за измени и дополнување на Законот за спречување на корупцијата (Сл. Весник на РМ бр.126/06), Државната комисија за спречување на корупцијата има обврска да изготви Државна програма за превенција и репресија на корупцијата и Акционен план за нејзино остварување. Постапувајќи во согласност со утвдените законските обврски како и со   потребата од воспоставување и имплементација на ефикасен систем   за спречување на корупцијата, Државната комисија за спречување на корупцијата во текот на 2003 година ја донесе постојната Државната програма за превенција и репресија на  корупцијата и акциониот план  за имплементација на истата.  Во текот на 2005 година донесената Државна програма беше дополнета со анекс кој содржи мерки за превенција и репресија  на корупцијата во рамки на локалната самопурава.  
На Третата конференција за оцена на имплементираноста на Државната програма која се одржа во ноември 2006 година,  се констатира   дека  поголемиот дел од Државната програма донесена во 2003 година, особено делот кој се однесува  на измените на уставот, донесувањето или измената на законите, формирањето на  специјализирани тела, е веќе реализиран. Поаѓајќи од  констатираното на Третата  конференција донесен е заклучок да се пристапи кон донесување на нова Државна програма  за превенција и репресија на корупцијата, како  надградба  на постојната.
Имајќи го предвид значењето на овој документ кој треба да овозможи  преземање на ефикасни  мерки  во борбата на корупцијата и активно вклучување  на преставници од сите сфери  на општественото делување, Комисијата заклучи   дека за целосно исполнување на оваа законска обврска,  неопходно е да се оствари интензивна  соработка со надлежните институции на системот како и домашни и странски експерти.
Во периодот од 23 февруари одржани се 12 работилници на кои се детектираа проблемите поради кои е можна појава на корупцијата, по кои се предложија конкретни активности за надминување на проблемите и за крај индикаторите според кои ќе се мери степенот на имплементираноста на Државната програма.

2. Анкетни листови

Државната комисија  согласно членот 35 став 2 од Законот за изменување и дополнување Законот за спречување на корупцијата, има обврска податоците од анкетните листови, освен податоците заштитени со закон, да ги објави на веб страница на Државната комисија.
Заради целосно и успешно извршување на својата законска обврска Државната комисија започна кампања во соработка со сите државни органи за комлетирање на базата на податоци за сите избрани и именувани функционери кои се должни да поднесат анкетен лист.

3. Работа по предмети

Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со писмената претставка на група инспектори на УЈП Скопје, која се однесува на извршениот инспекциски надзор кај Стопанска Банка АД Скопје, врз основа на член 55 точка 1 алинеа 6 од Законот за спречување на корупцијата, на седницата одржана на  ден 15.03.2007 година заклучи да поднесе Иницијатива за поведување на постапка за кривично гонење на поранешниот директор на УЈП-Регионална дирекција Скопје Мирка Мандевска и поранешниот директор на УЈП- Генералната дирекција Петра Митева, заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 од Кривичниот законик на РМ. Наведените лица овозможиле даночниот обврзник Стопанска Банка АД Скопје да уплати помал износ на  данок на додадена вредност со што го оштетиле државниот буџетот на Република Македонија во износ од 60.172.533,00 денари.

До Државната комисија доставена е претставка од лицето Љупчо Палевски во кој се укажува  дека Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски во Анкетниот лист не навел 160.000 евра аванс кој неговата сопруга Јасмина Црвенковска, заедно со партнерите од фирмата “Семос” го уплатила за деловен простор во зградата “Тифани”.
Како прилог на дописот доставени се копија од Анекс бр.1 кон Договорот за купопродажбан а недвижен имот, склучен на 09.07.2002 година помеѓу Љупчо Палевски од една страна и Герасим Ванчев, Јасмина Црвенковска, Илија Секуловски и Сашко Наумов од друга страна, како и копија од уплатница на име на Сашко Наумов за уплата на 50.000 евра по договор за купопродажбан а недвижен имот со Љупчо Палевски од 07.06.2002 година.
Државната комисија ја разгледа претставката при што оцени дека документацијата е некомплетна, а за да може Комисијата да заземе став во овој случај од подносителот на претставката ќе се побарада го  достави во оргинал основениот догорор за купопродажбата на недвижниот имот, оригиналот на анексот на договорот како и оригинални документи за сите уплати кои се однесуваат на реализација на предметниот договор.

Државната комисија постапувајќи согласно член 49 став 1 од Законот за спречување на корупцијата, побара од Сашко Кедев да ја исполни својата законска обврска,  односно да достави заверена изјава кај нотар за откажување од банкарска тајна во однос на сите сметки во домашни и странски банки.
Поради тоа што не можеше да се достави дописот на адресата што ја има доставено во Анкетниот лист, Државната комисија заклучи дописот да му се достави на работното место.
Управата за јавни приходи на 21.03.2007 година до Државната комисија ја достави изјавата за откажување на банкарска тајна во однос на сите сметки во домашни и странски банки, бидејќи истата се наоѓала во Анкетниот лист што бил доставен кај нив во 2003 година, при што Државната комисија доби информација дека Управата за јавни приходи постапува во рамките на своите овластувања. Државната комисија ќе соработува и понатаму по овој предмет со Управата.

Министерството за транспорт и врски достави барање до Државната комисија за спречување на корупцијата во кое се бара произнесување на Државната комисијата за предмети кои се однесуваат на продажбата на државно градежно земјиште по пат на јавно наддавање, и тоа: КП бр.5105/2 КО Центар1 од 6695 м2; КП бр.5105/2 КО Центар 1 од 4458 м2; КП бр.5105/3, КП бр.5513/2, КП бр.13731/3 и КП бр.13731/4 со површина од 5225 м2;
 Имено, дали  е прекршен Законот за спречување на корупцијата поради тоа што постапката за реализирање на јавното наддавање започна и заврши пред отпочнување на изборната кампања, а Договорите за оутѓување на градежно земјиште во државна сопственост беа потпишани во текот на изборната кампања на 27.06.2006 година, односно седум дена пред изборите.
Државната комисија по овој предмет заклучи дека наведените Договори за оутѓување на градежно земјише во државна сопственост се спротивни со член 11 став 3 од Законот за спречување на корупцијата (“Службен весник на РМ” бр.28/2002).
 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo