Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Соопштение Испечати Е-пошта
dksk_logo 05.12.2013 Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицата Нусрет Саид, Михаил Петковски и Александар Стојков  поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интереси  и поради кумулација на функции - извршување на две функции истовремено и тоа:
 
1)    Нусрет Саид – повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интереси – истовремено со функцијата член на Совет на општина Сарајна која е избран на Локалните избори одржани 2013 година делумно постапил по барањето на ДКСК односно се откажал од извршување на функцијата управител во Друштво за производство, трговија и услуги „БЛУМЕН ГАРТЕН БГ“ ДООЕЛ увоз-извоз, с. Арнакија Скопје, а не се откажал од извршување на функцијата управител во друштвото Друштво за угостителство, производство и трговија „БЛУМЕН ГАРТЕН АИ“ ДОО, с. Арнакија Сарај
 
2)    Михаил Петковски – кумулација на функции – истовремено со функцијата член на Совет на Народна банка на РМ  ја извршува и функцијата член на Комисија за хартии од вредност на РМ
 
3)    Александар Стојков – кумулација на функции – истовремено со функцијата член на Совет на Народна банка на РМ  ја извршува и функцијата член на Комисија за хартии од вредност на РМ


Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираните состојби на судир на интереси,  Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член  23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати лично до наведените службени лица со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето  доброволно да се откажат од извршувањето на едната од двете функции кои истовремено ги извршуваат, односно да се откажат од извршување на функцијата управител на трговско друштво или установа со што ќе ја отстранат повредата на член 9 од Законот за спречување судир на интереси, односно состојбата на судир на интереси во која се наоѓаат.
 
Нусрет Саид, Михаил Петковски и Александар Стојков не постапија по барањето на Државната комисија, по што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси  Државната комисија донесе одлука на овие лица да им изрече мерка  јавна опомена.
 
Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси  мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo