Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Соопштенија arrow Соопштение
Соопштение Испечати Е-пошта

dksk_logo03.02.2014 Државната комисија за спречување на корупцијата врз основа на своите законски надлежности во обезбедувањето законитост на изборниот процес и на текот на изборната кампања по донесеното Решение од Претседателот на Собранието на Република Македонија од 01.02.2014 година за распишување избори за Претседател на Република Македонија, кои ќе се одржат на 13.04.2014 година, утврди оперативен план за своето дејствување во изборниот период што трае од денот на донесувањето на Одлуката за распишување на изборите за Претседател на Република Македонија па до завршувањето на изборот на Претседател.

Со цел обезбедување доследна примена на законските одредби што се однесуваат на изборите и превентивното дејствување за спречување на корупцијата во овој значаен политички и демократски процес, Државната комисија укажува на обврските што произлегуваат од Изборниот законик и од Законот за спречување на корупцијата, во кои стои дека:


 Во текот на изборниот период :

- не можат да се користат буџетски средства на Република Македонија, средства од буџетите на општините и градот Скопје, од јавни фондови и средства на јавни претпријатија и јавни установи или правни лица што располагаат со државен капитал, освен ако тоа поинаку не е утврдено со закон со кој се уредува финансирањето на изборните кампањи на политичките партии;

- не може да се располага со буџетски средства на Република Македонија, средства на буџетите на општините и градот Скопје, од јавни фондови и средства на јавни претпријатија и јавни установи или правни лица кои располагаат со државен капитал;

- не може да започне изградба со средства од буџетот или од јавни фондови или со средства на јавни претпријатија или други правни лица што располагаат со државен капитал на нови објекти во инфраструктурата, како патишта, водоводи, далноводи, канализација и други објекти или на објекти за општествени дејности – училишта, градинки и други објекти, освен ако за таа намена претходно се обезбедени средства од буџетот, односно се работи за реализација на програма донесена врз основа на закон во тековната година;

- не може да се вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош или други исплати и материјални надоместоци од буџетски средства или од средства на јавните фондови кои не се редовни месечни исплати односно сите едногодишни трансфери и исплати или еднократни трансфери од буџетски средства или од средства на јавни фондови ниту да се отуѓува државен капитал ниту да се потпишуваат колективни договори.

Во периодот од 20 дена пред отпочнување на изборната кампања која започнува 20 дена пред денот на изборите, па до завршување на изборот на претседател на Република Македонија не може:
- да се исплаќаат субвенции кои не се редовни месечни исплати;
- да се одржуваат јавни настани по повод започнување на изградба или пуштање во употреба на објекти со средства од Буџетот или од јавни фондови, или со средства на јавни претпријатија или други правни лица што располагаат со државен капитал, во инфраструктурата како патишта, водоводи, далноводи, канализација, спортски игралишта и други објекти или објекти за општествени дејности училишта, градинки и други објекти. Под забрана за одржување на јавни настани не се подразбира, особено: давање на јавна изјава на носител на јавна функција или кандидат за носител на јавна функција на митинг, интервју на медиум, дебата на медиум или одговор на новинарско прашање.

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе го следи изборниот процес и во случаите кога постојат основи за сомневање дека буџетските средства или средствата од јавните фондови или средствата од јавните претпријатија и јавни установи или други правни лица што располагаат со државен капитал, како и државниот капитал, се непосредно или посредно, преку инвестициони работи или на друг начин, користени за изборна кампања или воопшто за финансирање на изборна и друга политичка активност, ќе презема мерки за утврдување на таквите сомневања и ќе иницира постапки согласно со нејзините надлежности, ќе ги извести надлежните органи и ќе бара преземање активности во рамките на нивните надлежности.

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo