Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Активности arrow Конференции arrow Втора годишна конференција
Втора годишна конференција Испечати Е-пошта
konferencijathumb27.02.2014 Државната комисија за спречување на корупцијата во соработка со УНДП Канцеларијата во Скопје ја одржа Втората годишна конференција за оценка на остварувањето на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и Државната програма за превенција и намалување на појавата на судир на интереси со Акционен план 2011-2015 година.
 
На Конференцијата се обратија Претседателот на ДКСК д-р Ѓорги Сламков, Министерот за правда г-дин Блерим Беџети, постојаниот претставник на УНДП во Република Македонија г-ѓа Луиза Винтон и претставникот од Делегацијата на Европската Унија г-дин Манфредас Лимантас.

На Конференцијата беше презентиран степенот на реализација на активностите од Акциониот план на Државните програми кои претставуваат надградување на процесот на планирање на борбата против корупцијата и судирот на интереси, со маркирање на единаесет сектори во општеството кои се покажуваат како ризични подрачја за негативни општествени појави.

Во однос на остварувањето на Државната програма во целина, за периодот од нејзиното донесување заклучно со ноември 2013 година, реализирани и во тек се 70% од предвидените активности.

Од компаративната анализа со податоците за реализација на активностите во првата година, односно за периодот декември 2011-ноември 2012 година, констатиран е зголемен број на реализирани активности од 27 на 44.

ДКСК не само што го следи остварувањето на Државната програма, туку е и активен субјект во нејзнината реализација, со заложба за посилен поттик на надлежните институции за успешно и ефикасно остварување на утврдените активности.

Во насока на ефикасна реализација на одредени активности од Државната програма, ДКСК ја продолжува соработката со УНДП- Канцеларијата во Скопје преку реализација на проектот “Поддршка за јакнење на системот на интегритет на национално и локално ниво“.

Искуства од Проектот за воведување на концептот на интергритет на локално ниво и идни предизвици презентираа г-дин Иван Франгов Градоначалникот на Општина Гевгелија и г-ѓа Теута Арифи Градоначалник на Општина Тетово.
 
konferencijathumb               konferencijathumb
 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo