Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Протокол за соработка arrow Меморандум за соработка
Меморандум за соработка Испечати Е-пошта
konferencijathumb31.03.2014 година – Државната комисија за спречување на корупцијата и Мисијата на ОБСЕ во Скопје потпишаа Меморандум за соработка за проектот “Промовирање на соработка преку доброто владеење во спроведувањето на антикорупциската политика“ .

Меморандумот во просториите на ДКСК го потпишаа Претседателот на Комисијата д-р Ѓорги Сламков и Амбасадорот на ОБСЕ г-дин Ралф Брет.

Амбасадорот истакна дека фокусот на долгогодишната поддршка од ОБСЕ кон ДКСК е на имплементација на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и на судирот на интереси 2011-2015, активности за подигање на јавната свест за корупцијата и јакнење на капацитетите на ДКСК.

Претседателот на ДКСК истакна дека со потпишувањето на Меморандумот се отвараат низа други активности за соработка.

Со поддршка на ОБСЕ, ДКСК минатата година направи квантитативна анализа за перцепција на граѓаните за корупцијата во одделни сектори од Државната програма и квалитативна анализа со која видни експерти дадоа значајни препораки за реализација на активностите предвидени во Државната програма.

На полето на меѓународна соработка, како дел од проектот “Промовирање на принципите на добро владеење во спроведување на антикорупциската политика“ на ОБСЕ мисијата во Скопје и ДКСК, минатата година беше поддржана работната средба и потпишувањето на Протоколот за соработка помеѓу ДКСК и Каталонската Служба за борба против измами, врз основа на која се разменија искуства и се спроведуваат конкретни активности.

ОБСЕ и Државната комисија за спречување на корупцијата се согласија дека и во иднина ќе ја продолжат взаемната соработка.


konferencijathumb konferencijathumb konferencijathumb

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo