Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Активности arrow Конференции arrow Конференција за борба против корупција
Конференција за борба против корупција Испечати Е-пошта
logo-kontakt_50

10.07.2014 Конференција на тема „Судска етика и превенција и гонење на случаи на корупција” ќе се одржи денеска и утре во Охрид.

Конференцијата е во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев” и Државната комисија за спречување корупција, во соработка и со финансиска поддршка на Амбасадата на САД и Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ).

Со воведно обраќање до присутните конференцијата ќе ја отворат Анета Арнаудовска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев” и шеф на Делегацијата на Република Македонија во ГРЕКО, д-р Ѓорги Сламков, претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата , кој во рамки на Конференцијата ќе има и свое излагање на тема Улогата на ДКСК и антикорупциски механизми во правосудството, Марко Зврлевски, јавен обвинител на Република Македонија, и Марк Ласер, виш правен советник на ИНЛ програмата, Амбасада на САД во Скопје.

На форумот ќе присуствуваат членови на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители на Република Македонија, судии на Врховниот суд на Република Македонија, јавни обвинители од Јавното обвинителство на Република Македонија, судии на апелационите судови и основните судови со проширена надлежност, јавни обвинители на Основното јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вишите јавни обвинителства и основните јавни обвинителства со проширена надлежност, како и претставници на други релевантни институции.

На Конференцијата излагања поврзани со темата ќе имаат и Лоренс Винтроп, судија на Апелационен суд на Аризона, САД и потпретседател на Комисијата за етика на судиите на Аризона, Дејвид Грис, федерален јавен обвинител од САД и резидентент правен советник за борба против корупција на Програмата ОПДАТ во Албанија, Амбасада на САД во Тирана, Марин Мрчела, судија на Врховниот суд на Република Хрватска и претседател на ГРЕКО.

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo