Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Соопштение Испечати Е-пошта
logo-kontakt_50

24.10.2014 Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицата Деџат Сефери, Слафко Јанкоски, Мујдин Билали, Сеад Исмаил, Наим Салиев, Кристијан Тодоров, Николче Дамјановски, Валентина Јовановска, Зулкуфли Саити, Дарко Стојчевски и Саша Николиќ поради повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интерси и поради кумулација на функции – извршување на две функции истовремено и тоа:

  1. Деџат Сефери – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Сарај на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за производство, трговија и услуги „ХАМБУРГ“ ДООЕЛ увоз-извоз, с.Крушопек, Сарај.
  2. Слафко Јанковски – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Гостивар на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за производство, трговија, сообраќај, угостителство и услуги „В и С КОМПАНИ“ ДОО увоз-извоз, Гостивар
  3. Мујдин Билали – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Гостивар на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за производство, машинство, градежништво и услуги „ТЕРМО ГРОУП“ ДООЕЛ експорт-импорт, Гостивар.
  4. Сеад Исмаил – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Шуто Оризари на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за туризам, превоз и услуги и „СКАЈ ВИМ ТРАВЕЛ“ ДООЕЛ увоз-извоз, Скопје
  5. Наим Салиев - повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Бутел на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година делумно постапил по барањето на ДКСК односно се откажал од извршување на функцијата управител на трговско друштво – Друштво за трговија и услуги „ОПЕЛ АСТРА“ ДООЕЛ експорт-импорт, Скопје, а не се откажал од извршување на функцијата овластено лице на подружница - раководител на Друштво за производство, трговија и услуги „ОПЕЛ АСТРА КОМ“ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје.
  6. Кристијан Тодоров - повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Богданци на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година делумно постапил по барањето на ДКСК односно се откажал од извршување на функцијата управител на трговско друштво – Друштво за градежништво, производство, трговија и услуги „ПАНЕЛ – НК“ ДОО увоз-извоз, Гевгелија, а не се откажал од извршување на функцијата управител на Друштво за производство, трговија и услуги „ЕЛИТА – СОЛАР“ ДООЕЛ Богданци
  7. Николче Дамјановски - кумулација на функции – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Чашка на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година делумно постапил по барањето на ДКСК односно се откажал од извршување на функцијата управител на трговско друштво –„МЕТ-БОЈ“ Богомила, а не се откажал од извршување на функцијата член на Управен одбор на Здравствен дом – Велес од 2010 година
  8. Валентина Јовановска – кумулација на функции – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Куманово на која е избрана на Локалните избори 2013 година ја извршува и функцијата претседател на Управен одбор во Националната установа „Музеј – Куманово“ од Куманово
  9. Зулкуфли Саити – кумулација на функции – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Сарај на која е избран на Локалните избори 2013 година ја извршува и функцијата член на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата избран од страна на Собранието на Република Македононија од 2011 година
  10. Дарко Стојчевски – кумулација на функции – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Кочани на која е избран на Локалните избори 2013 година ја извршува и функцијата член на Управен одбор на ЈЗУ Центар за јавно здравје Кочани
  11. Саша Николиќ – кумулација на функции – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Куманово на која е избран на Локалните избори 2013 година ја извршува и функцијата член на Управен одбор на Државниот студентски дом „Пелагонија“ Скопје
 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo