Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Соопштение Испечати Е-пошта
logo-kontakt_50

03.11.2014 Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицата Марко Парталоски, Глигор Костојчиновски, Влатко Трајанов, Игор Алаџајков, Марјанчо Ристов, Александар Арсоски, Суљеман Ахмети и Амет Хаљити поради повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интерси и тоа:

  1. Марко Парталоски – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Вевчани на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата управител на Приватна здравствена установа - Специјалистичка ординација по орална хирургија „Д-р. МАРКО ПАРТАЛОСКИ“ Вевчани.
  2. Глигор Костојчиновски – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Вевчани на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за производство, трговија и услуги „ГЛИШО - КОМПАНИ“ ДООЕЛ експорт-импорт с. Вевчани, Општина Вевчани.
  3. Влатко Трајанов - повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Кочани на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за производство и трговија „АЛПИМЕД“ ДООЕЛ с. Грдовци, Кочани.
  4. Игор Алаџајков - повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Центар на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за производство, трговија и услуги „МЕДИА ЛИНК ПРОТЕКТ“ ДОО увоз – извоз Скопје.
  5. Марјанчо Ристов - повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Конче на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за производство, трговија и услуги „СПИГ - АСТИ“ ДООЕЛ Конче.
  6. Александар Арсоски - повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Кичево на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за трговија, угостителство и услуги „АЗ – ИМИЏ КОМПАНИ“ ДООЕЛ увоз – извоз Кичево.
  7. Суљеман Ахмети - повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Чаир на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за трговија и услуги „ПРОКОНТ ОФИС“ ДООЕЛ Скопје.
  8. Амет Хаљити – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Врапчиште на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за проектирање, градежништво, производство, трговија, угостителство и услуги „А - ПРОЈЕКТ“ ДООЕЛ експорт - импорт с. Неготино.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба на судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување на судир на интереси се обрати лично до наведените службени лица со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажат од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршуваат, односно да се откажат од извршување на функцијата управител на трговско друштво или установа со што ќе ја отстранат повредата на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси и ќе ја спречат состојбата на судир на интереси во која се наоѓаат.

Марко Парталоски, Глигор Костојчиновски, Влатко Трајанов, Игор Алаџајков, Марјанчо Ристов, Александар Арсоски, Суљеман Ахмети и Амет Хаљити не постапија по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на овие лица да им изрече мерка јавна опомена .

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo