Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Соопштение Испечати Е-пошта
logo-kontakt_50

10.11.2014 Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир  на интереси кај лицата Сељам Сејфулак, Стојадин Ѓорѓиевски, Љупчо Атанасов, Дарко Тодоровски, Шукрија Туфекџиоски, Изабела Ангелова, Нада Пејковска, Едис Хасан, Трајче Димитриев и Томе Тутурески поради повреда на член 9 и член 20 став 1 и став 2 од Законот за спречување на судир на интерси и поради кумулација на функции  – извршување на две функции истовремено и тоа:

 

1. Сељам Сејфулак – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со  функцијата член на Совет на Општина Сарај на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за градежништво, инженеринг и услуги „ТРАДИТА“ ДООЕЛ увоз-извоз с. Буковиќ – Скопје и раководител на подружница „ТРАДИТА“ с. Буковиќ.

 2. Стојадин Ѓорѓиевски – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со  функцијата член на Совет на Општина Илинден на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за производство, градежништво, промет  и услуги „ДИКИ - ПРОЕКТ“ Стојадин ДООЕЛ експорт - импорт Илинден, с. Кадино Село и раководител на подружница „БЕКРИЈА“ Марино Илинден.

 3. Љупчо Атанасов - повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со  функцијата член на Совет на Општина Делчево на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата управител на две трговски друштва, раководител на три подружници и тоа на:

- друштво за вработување на инвалидни лица, производство и трговија „КИЛИМАРА“ ДООЕЛ експорт-импорт Делчево, подружницa „ДП – КОНСАЛТИНГ“ Делчево и подружница бр.2 „ЛАПАДУНДИ“ Делчево;                       
- друштво за производство, трговија и угостителство „ДОН – ПАМПАС“ ДООЕЛ извоз – увоз Делчево и подружница „ДОН ПАМПАС – М“ Делчево.

4. Дарко Тодоровски - повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со  функцијата член на Совет на Општина Делчево на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за производство, трговија и услуги „ТОНА - КОМЕРЦ“ ДООЕЛ увоз - извоз Делчево и раководител на подружница АРИСТОКРАТ.

5. Шукрија Туфекџиоски - повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со  функцијата член на Совет на Општина Кичево на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата овластено лице на подружница – раководител на подружница – Друштво за трговија, производство и услуги Шукрија Туфекџиоски „ШУКО ГРОС“ ДООЕЛ увоз-извоз Кичево, Подружница ШУКО Кичево.

6. Изабела Ангелова - повреда на член 20 став 1 и став 2 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со  функцијата член на Совет на Општина Радовиш на која е избрана на Локалните избори одржани 2013 година прима и соодветен паричен надоместок за членување во Здружение на граѓани „СМБАК ГАЗЕЛИ“ Радовиш.

7. Нада Пејковска - кумулација на функции – истовремено со  функцијата член на Совет на Општина Демир Хисар на која е избрана на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата член на управен одбор на Јавна здравствена установа „Здравствен дом Демир Хисар“.

 

8. Едис Хасан – кумулација на функции – истовремено со  функцијата член на Совет на Општина Шуто Оризари на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата член на управен одбор на ЈП „Македонија Пат“ - Скопје.

 

9. Трајче Димитриев - повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со  функцијата градоначалник на Општина Демир Капија на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата управител на две трговски друштва: Друштво за производство, трговија, транспорт и услуги „КИНГС ВИНЕРИ“ ДОО Демир Капија и Друштво за земјоделско производство, трговија на големо и мало и услуги „БАРОВО“ ДООЕЛ с. Барово – Демир Капија.

 

10. Томе Тутурески - повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со  функцијата член на Совет на Општина Дебарца на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата управител на Производно, трговско и услужно друштво Томе „ТУТУРЕ – КОМЕРЦ“ увоз – извоз Струга ДООЕЛ.

 

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба на судир на интереси,  Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член  23 став 1 од Законот за спречување на судир на интереси се обрати лично до наведените службени лица со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето  доброволно да се откажат од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршуваат, односно да се откажат од извршување на функцијата управител на трговско друштво или установа со што ќе ја отстранат повредата на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси, да се откажат од паричниот надоместок што го добиваат поради членување во Здружение на граѓани со што ќе ја отстранат повредата на член 20 став 1 и став 2 од Законот за спречување на судир на интереси или со откажување на едната од двете функции кои истовремено ги извршуваат ќе се спречи кумулацијата на функции, односно состојбата на судир на интереси во која се наоѓаат.

Сељам Сејфулак, Стојадин Ѓорѓиевски, Љупчо Атанасов, Дарко Тодоровски, Шукрија Туфекџиоски, Изабела Ангелова, Нада Пејковска, Едис Хасан, Трајче Димитриев и Томе Тутурески не постапија по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на овие лица да им изрече мерка  јавна опомена.

 

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување на судир на интереси  мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

 

 

 

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo