Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Јавна опомена Испечати Е-пошта
logo-kontakt_50

26.11.2014 Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицата Томислав Белакапоски, Часлав Јовановиќ, Орце Симов, Драги Давчевски и Аки Акиов поради повреда на член 9 и член 20 став 1 и став 2 од Законот за спречување на судир на интерси и тоа:

 

1. Томислав Белакапоски – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Прилеп на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата управител на Трговско друштво за транспорт, превоз и услуги „ТРАНС – ГЛОБАЛ“ Илија ДООЕЛ увоз – извоз Прилеп.

 2. Часлав Јовановиќ – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Старо Нагоричане на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за противпожарна заштита „ПРЕВЕНТИВА ДПД“ Перо Чичо ДООЕЛ Куманово.

 3. Орце Симов - повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Управен одбор на Фондот за иновации и технолошки развој избран од Владата на Република Македонија ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за производство, трговија и компјутерски активности „КОМПЈУНЕТ - ИНЖИНЕРИНГ“ ДООЕЛ Орце увоз – извоз Македонска Каменица и овластено лице на подружница во Скопје.

4.Драги Давчевски - повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Совет на Град Скопје на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата овластено лице на подружница – раководител на подружница – КАЛЕ Скопје.

 

5.Аки Акиов - повреда на член 20 став 1 и став 2 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Кочани на која е избрана на Локалните избори одржани 2013 година прима и соодветен паричен надоместок за членување во Здружение на граѓани ЗПР - Штип.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување на судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба на судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување на судир на интереси се обрати лично до наведените службени лица со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажат од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршуваат, односно да се откажат од извршување на функцијата управител на трговско друштво или установа со што ќе ја отстранат повредата на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси, да се откажат од паричниот надоместок што го добиваат поради членување во здружение на граѓани со што ќе ја отстранат повредата на член 20 став 1 и став 2 од истиот закон и ќе ја спречат состојбата на судир на интереси во која се наоѓаат.

Томислав Белакапоски, Часлав Јовановиќ, Орце Симов, Драги Давчевски и Аки Акиов не постапија по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на овие лица да им изрече мерка  јавна опомена.

 

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување на судир на интереси  мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

 

 

 

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo