Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Активности arrow Конференции arrow Меѓународен ден за борба против корупцијата
Меѓународен ден за борба против корупцијата Испечати Е-пошта
konferencijathumb09.12.2014 Државната комисија за спречување на корупцијата и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), организираа настан за одбележување на Меѓународниот ден за борба против корупцијата. .
 
Воведни обраќања имаа Постојаниот претставник на УНДП г-ѓа Луиза Винтон, Претседателот на ДКСК д-р Ѓорги Сламков и Министерот за правда д-р Аднан Јашари. На настанот се обратија Раководителот на одделот за демократско владеење во мисијата на ОБСЕ г-ѓа Јоана Косма и Регионалниот советник за антикорупција на УНДП г-динот Франческо Кеки. Видео обраќање имаше Претседателот на ЗЕЛС г-динот Коце Трајановски.

konferencijathumbЗа време на настанот голем број градоначалници потпишаа антикорупциски политики со што се покажаа растечките заложби за зајакнување на интегритетот на локално ниво.
 
Ставајќи ги локалните заложби во поширок контекст на Конвенцијата на ОН за борба против корупцијата и другите меѓународни и национални инструменти, настанот се фокусираше на споделување на проверени политики и практики за промовирање на интегритет на локално ниво, вклучително инструменти кои се веќе воведени во неколку пилот општини од страна на ДКСК и УНДП.

На настанот се нагласија социјалните и политичките аргументи за важноста од спречувањето и борбата против корупцијата, вклучувајќи го подобрувањето во административниот интегритет, ефикасноста, транспарентноста и отвореноста кон граѓаните, како и интегритетот во рамки на меѓународните и националните правни, институционални и програмски инструменти.


 
Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo