Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Државна програма arrow ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ПОДГОТВИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ
ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ПОДГОТВИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ Испечати Е-пошта
ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА НОВА ДРЖАВНАТА ПРОГРАМА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И РЕПРЕСИЈА НА КОРУПЦИЈАТА И ПРЕВЕНЦИЈА И НАМАЛУВАЊЕ НА ПОЈАВАТА НА СУДИР НА ИНТЕРЕСИ 2016-2019

 

logo-kontakt_50

13.05.2015 Крајот на годинава истекува постојната Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и превенција и намалување на појавата на судир на интереси 2011-2015. Оваа програма претставуваше унапредување на антикорупциско работење со користење на секторски пристап, проценка на ранливите точки и причините за недоволното спроведување на законите и со фокус на развој на средства за спроведување и подобрување на капацитетите. Секторскиот пристап овозможи фокусиран пристап на реформските напори кои директно влијаат врз јавноста наместо долга листа на можни реформи кои може, но не мора да имаат влијание врз извршувањето на јавните услуги. Проценките на ранливоста во секторите откриваат каде се реалните можности за корупција и овозможуваат насочени и мерливи активности за намалување на таквите можности. Ваквиот пристап овозможи поефективно делување во насока на намалување на корупцијата преку стеснување на фокусот на реформските напори и обезбедува поефективно следење и вреднување на постигнатиот напредок.

Имајќи предвид дека се работи за програма која веќе истекува, Државна комисија за спречување на корупцијата согласно Законот за спречување на корупцијата и Законот за спречување судир на интереси, како тело одговорно за спроведување на мерките за спречување на корупцијата и судирот на интереси и утврдена надлежност за донесување на Државни програми за превенција и репресија на корупцијата и Акционен план за нивно остварување и за донесување Државна програма со Акционен план за превенција и намалување на појавата на судир на интереси, започна со подготвителни активности околу подготовка на нови Државни програми 2016-2019. Се работи за сложен и комплексен процес во кој се очекува инволвираност и партиципативност на претставници од голем број институции од извршната, законодавната и судската власт, како и вклучување на претставници од локалната самоуправа, приватниот сектор и невладините организации, преку низа работни состаноци, работилници, спроведување анализи, се очекува процесот од отпочнување до финализирање на овој стратешки документ да трае се до крајот на 2015 година.


Во оваа насока, и оваа, како и сите претходни Државни програми, ќе се заснова на потребата од утврдување на превентивни мерки бидејќи прифаќањето на репресијата како единствен одговор на корупцијата резултира единствено во елиминирање на последиците во индивидуални случаи, додека причините, мотивите и околностите што довеле до корупција остануваат недопрени. Генерално, најзначајни превентивни мерки се развивање и ефективна имплентација на антикорупциски стратегии и акциските планови базирани на принципи на партиципација, владеење на правото, интегритет, отчетност, транспарентност или генерално базирани на добро владеење. Исто така, од големо значење е и ефективна имплементација на законите во практиката. Покрај овие две компоненти, третата – едукативна компонента – е исто така значајна, а се однесува на широка свесност и едукација на сите социјални групи, а кои се однесуваат на негативните последици од корупцијата.

Државните програми претставуваат сеопфатен стратешки документ што во сите фази на реализација континуирано се поттикнува и следи од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата.


 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo