Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Соопштенија arrow Соопштение
Соопштение Испечати Е-пошта
press 09.12.2010 019

02.07.2015
Државната комисија за спречување на корупцијата одржа прес конференција за јавноста во врска со тековното работењето на Државната комисија за спречување на корупцијата во периодот од изборот на новиот состав на ДКСК на 14.04.2015 до 01.07.2015 година.

Согласно законските надлежности прес конференцијата ја водеше Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Горан Миленков кој презентираше информации и податоци кои претставуваат сублимат на досега сработеното од страна на ДКСК.

Во прилог следи соопштението за јавноста

press 09.12.2010 019

Државна програма за превенција и репресија на корупцијата 2016-2019 година
Државната комисија за спречување на корупцијата како приоритетен ангажман во агендата на својата работа, ги постави сите активности во насока на отпочнување на процесот за донесување на новата Државна програма 2016-2019 и во смисла на ова веќе е формирана Координативна група за нејзино изготвување, составена од членови на ДКСК и претставници од Секретаријатот на ДКСК. Во средината на мај 2015 година, одржана е првата работна средба на членовите на Координативната група на која е посочено дека ДКСК во процесот на изготвување и имплементација на новата Државна програма потребно е најнапред да ги информира и да обезбеди поддршка од страна на Министерството за правда и други релевантни институции, по што ќе се премине на наредните активности кои се однесуваат на изготвување на нацрт рамката на стратегијата. Натамошните активности на Државната комисија за спречување на корупцијата ќе бидат насочени кон изготвување на оперативен план за развивање на Државната програма 2016-2019, при што ќе се имаат предвид искуствата од претходните државни програми, релевантните документи кои се однесуваат на спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и резултатите од остварувањето на Државната програма 2011-2015, а во процесот ќе партиципираат релевантните институции со кои ДКСК заеднички ќе го креира и гради овој стратешки документ.

press 09.12.2010 019

ИПА ТВИНИНГ 2010
Државната комисија за спречување на корупцијата во текот на 2015 година ги спроведува планираните активности од Твиниг проектот “Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата”. Во рамките на истиот реализирани се три антикорупциски обуки за пратениците, како и “Обука на обучувачи” за ДКСК и други релевантни институции. Тековно се работи на анализа на антикорупциската легислатива и изготвување препораки за подобрување, потоа на приклучување во системот на Интероперабилност за меѓусебно поврзување со релевантни институции за размена на податоци,за што неопходно е усовршување на ИТ системот и обнова на хардверот на ДКСК. Активно се работи на создавање веб апликација за електронско пополнување на обрасците за анкетни листови и изјави за интереси на јавните функционери. Исто така ќе се изготви и воспостави регистар на функционери, кој што ќе претставува дата база за сите јавни функционери. Државната комисија за спречување на корупцијата одржа работна средба со Царинска управа, во врска со започнувањето на практичната имплементација на договорот за далечински пристап до системот ЕРП – ЛУКА, модул за анкетни листови во информационен систем на Царинската управа што Државната комисија за спречување на корупцијата и Царинската управа на Република Македонија го склучија согласно Протоколот за соработка за превенција и репресија на корупцијата и на судирот на интереси. Согласно со договорот Државната комисија за спречување на корупцијата има можност да врши преглед на податоците за вработените во Царинската управа со цел систематско следење и проверка на анкетните листови за имотната состојба. Воспоставена е VPN конекција со што е овозможена практична реализација на Договорот. Податоците може да бидат користени во рамките на законските надлежности на Државната комисија за спречување на корупцијата со цел проверка на податоците од анкетните листови за имотната состојба на вработените во Царинската управа кои имаат обврска да поднесат анкетен лист согласно со член 33-а од Законот за спречување на корупцијата. Потенцирано е дека ова е прво воспоставување конекција меѓу институциите од ваков вид и дека ДКСК изразува подготвеност истото да го направи и со други институции кои ја имаат потребната техничка можност. Се нагласува дека со практичната примена на договорот, ДКСК ќе биде во можност да има увид во податоците кои се неопходни за спроведување на нејзините законски надлежности во делот на постапување по предмети кои се однесуваат на имотната состојба на царинските служебници. Државната комисија за спречување на корупцијата на ден 05.06.2015 година одржа работна средба со претставници на Правната канцеларија на Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите при Амбасадата на САД во Република Македонија. На средбата се разговараше за тековните предизвици и приоритети кои се присутни на полето на владеење на правото како и можните области за идна помош од САД во рамки на реформата на кривично - правниот систем во Република Македонија. Претставниците од Делегацијата на Правната канцеларија на Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите при Амбасадата на САД во Република Македонија покажаа особен интерес за начинот, работата и надлежностите на ДКСК, по што од страна на ДКСК детално беше претставена работата на Државната комисија. На работната средба од страна на претставниците од делегацијата беше покажан интерес со цел претставниците Бирото при Амбасадата на САД во РМ да бидат запознаени со надлежностите, овластувањата и тековното работење на Државната Комисија за спречување на корупцијата, и согласно Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, од страна на членовите на ДКСК, беа детално претставени целите на работењето на Комисијата, и во рамките на претставувањето на работата, Високата Делегација беше запознаена со чекорите кои ги презема ДКСК во борабата против корупцијата и спречувањето на судирот на интереси. Во претставувањето на работењето на ДКСК, заедно со претставниците на Високата делегација преку Амбасадата на САД во РМ, беа разменети искуства на двете земји во борбата против корупцијата, а разговорите и работната средба беше проширена и на други стручни теми кои ја поврзуваат материјата што ја разработува борбата против корупцијата, а имено се разговараше за теми и прашања кои ја опфаќаат кривично правната материја во делот на корупцијата, искуствата на двете земји во рамките на законските прописи кои го опфаќаат работењето во борбата против корупцијата и еконосмките елементи кои влијаат во борбата против корупцијата. Во насока на единствена цел за сузбивање на коруптивни фактори и елементи, од страна на членовите на ДКСК беше истакнато дека од страна на Комсијата континуирано се постапува согласно законските надлежности кои и се дадени на Комисијата во борбата против корупцијата и дека пред Државната комисија за спречување на корупцијата оформени се поголем број на предмети по службена должност и по предлог на самите членови на Комисијата, а воедно и дека континуирано се постапува по предмети кои се оформени по поднесени барања од страна на граѓани, физички и правни лица, како и од други субјекти кои имаат право да поднесуваат барања до Комисијата за поведување на соодветни постапки за борбата против корупцијата. Од страна на ДКСК, во презентирањето на процедурите според кои постапува Комисијата, беше укажано дека во целост се почитуваат дискреционите и загарантираните права на физичките и правните лица кои поднесуваат барања за поведување на постапки пред ДКСК, како и на лица против кои се поведени постапки, за заштита на нивните лични и професионални податоци, при што тоа беше во целост поддржано од страна на Претставниците на делегацијата на Правната канцеларија на Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите при Амбасадата на САД во РМ. Работната средба беше позитивен чекор за размена на искуства и мислења од двете страни во борбата против корупцијата и истата беше заеднички поздравена од двете страни. На заедничко задоволство на двете страни, беше оставена можност за остварување на уште дополнителни работни средби, со оглед дека делегацијата на Правната канцеларија на Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите при Амбасадата на САД во РМ, даде поддршка на ДКСК за сите преземени активности и идни планови во борбата против корупцијата. Од страна на Претседателот на ДКСК, беше искажана спремноста и вољата од страна на членовите на ДКСК, како и негова лична заложба, да се соработува со исти или сродни тела и институции во САД. Од страна на Министерството за Правда беше даден план на активности со листа на итни реформски приоритети во кои, меѓу другото, се дадени препораки и во делот на антикорупциски политики и законодавство, по однос на препораките и мерките кои се преземени и на кои дополнително ќе се работи согласно препораките и планот, особено во делот Антикорупциски политики и законодавство, владеење на правото и правосудство, Државната комисија за спречување на корупцијата информира за следното: ДКСК е вклучена во делот на институции учесници, ДКСК информира дека постои континуирана соработка со надлежните институции наведени во препораката, која се остварува преку работни средби на кои се разговара и се координира работењето помеѓу ДКСК и наведените институции во делот на борбата против корупцијата и спречувањето на судирот на интереси, активно се соработува во делот за преземање на определени дејствија кои се однесуваат за отварање на предмети против избрани или именувани лица, се разменуваат и доставуваат податоци за утврдување на коруптивни елементи на определени службени лица кои се опфатени со член 49 од Законот за спречување на корупција. Координацијата се одвива дополнително врз основа на Протоколот за соработка потпишан од страна на ЈО на РМ, редовните судови во РМ, ЈО за гонење и спречување на организиран криминал, ДП на РМ, МВР на РМ, Царинска Управа на РМ, Народна Банка на РМ, МФ-УЈП, ДЗР, Судски Совет на РМ, Совет на Јавни Обвинители, Академија за обука на судии и јавни обвинители, Управа за финансиско разузнавање, инициран од ДКСК. Воедно, овој Протокол се надоградува со вклучување и негово потпишување со оние субјекти и државни институции со кои дополнително ќе произлезе потреба се со цел активно работење заради на корупцијата и судирот на интереси. Во текот на месец мај 2015 година, ДКСК преку својот овластен преставник, учествуваше на регионални конференции во Загреб, Р.Хрватска, Истанбул Турција и Сараево БиХ, организирани од ОБСЕ и ОДИХР и УНДП, каде се расправаше за регионално поврзување и унапредување на соработката на институциите и тела во состав на државите учеснички на овие конференции на тема регионална поврзаност во борбата против корупцијата и проценка на ризиците во постапките за јавните набавки како и заштита на поткажувачите. Договорени се потпишување на меморандуми за соработка со преставниците на антикорупциските тела на Р.Србија, Р.Бугарија, Албанија, Молдавија и Полска. Соработката на регионално постои редовно, но со потпишување на овие меморандуми прецизно ќе се определат мерките и активностите на билатерално ниво меѓу исти или сродни институции на државите членки на регионалните инцијативи. ДКСК активно ќе учествува во работната група за воспоставување правен и институционален механизам за заштита на укажувачите. Во делот на активностите во Препораката, ДКСК ќе пристапи кон соработка со сите институции и ЕЛС, ќе се обезбедат квалитетни компаративни искуства од земјите каде е воспоставен механизам за заштита на укажувачи, ќе се презенитаат практиките од законските решенија за сеопфатен механизам за заштита на укажувачи од земјите каде е воведен систем на укажувачи.

Постапување по предмети од областа на спречување на корупцијата
Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи согласно со своите законски надлежности во делот на спречувањето на корупцијата во политиката, во вршењето на јавните овластувања и во вршењето на работите од јавен интерес континуирано постапуваше по конкретни предмети и тоа: Со започнување на мандатот на новиот состав на ДКСК беше извршено примопредавање на 105 предмети од областа на корупцијата, чие постапување беше во тек. Во периодот од 14.04.2015 до 01.07.2015 година во ДКСК се оформени вкупно 37 нови предмети оформени по пријава за постоење елементи за корупција од граѓани, правни лица и други. Во наведениот период ДКСК постапуваше по вкупно 79 предмети, од нив, решени се вкупно 39 предмети. Со цел проверка на искажаните сомневања за постоење коруптивни елементи и утврдување на фактичката состојба во конкретните предмети, ДКСК неселективно и континуирано упатува барања за прибирање на информации до релевантни институции. Што се однесува до областите на доставените предмети со корупциска содржина по кои постапува ДКСК се : - спречување на корупцијата во вршење на јавните овластувања, располагање со јавни добра, јавни набавки и начин на вршење на јавни овластувања, спречување на корупцијата во вршење на работи од јавен интерес, образование, градежништво и урбанизам, здравство, царина, вработување и социјала, трговски друштва (стечај, приватизација) и други работи од јавен интерес; правосудство и други предмети.

Постапување по предмети од областа на спречување на судир на интереси
Државната комисија за спречување на корупцијата како единствена надлежна институција за спроведување на Законот за спречување судир на интереси, продолжи во континуитет да постапува по предмети што се однесуваат на спречување на злоупотреба на јавните овластувања и должности на службените лица со цел да обезбеди спречување на можноста приватниот интерес на службеното лице да го загрози јавниот интерес. Со започнување на мандатот на новиот состав на ДКСК беше извршено примопредавање на 111 предмети од областа на судир на интереси, чие постапување беше во тек. Во периодот од изборот на новиот состав на ДКСК до денес се отворени вкупно 42 нови предмети. Истите, се оформени по пријави и барањe за мислењa, поднесени од службени лица, нивни претпоставени, односно функционери кои раководат со државните органи, од анонимни подносители, како и по пријави од други заинтересирани лица. Од ново отворените предмети завршени се 25. По однос на содржината на сите предмети од оваа област, може да се согледа дека институтот судир на интереси е осознаен од службените лица во смисла на нивна потреба судирот да се превенира, па оттаму најголемиот број предмети на ДКСК се барањата мислење од ДКСК дали одредено однесување или состојба би биле судир на интереси. Притоа може да се констатира дека службените лица речиси без исклучок ги почитуваат дадените мислења од страна на Државната комисија. Во споменатиот период ДКСК изрече вкупно 5 јавни опомени на службени лица кои беа во судир на интереси поради повреда на одредбите од Законот за спречување судир на интереси и не постапија по нејзините укажувања, односно кои не се откажаа од извршувањето на кумулираните функции кои истовремено ги извршуваа. Во овој временски период се примени вкупно 53 изјави за интереси. Државната комисија за спречување на корупцијата во континуитет врши проверка на изјавите за интереси поднесени од службените лица и врз основа на таа проверка по сопствена иницијатива оформи 20 предмети каде беше констатирано постапување спротивно на одредбите од Законот за спречување судир на интереси (кумулација на функции и повреда на член 9) и од овие лица е побарано да ја отстранат констатираната повреда на истиот закон. Во случај кога службените лица нема да поднесат или ненавремено ќе поднесат изјава за интереси, ДКСК поведува барање за прекршочна постапка до Основен суд. ДКСК во наведениот период достави 20 жалби против првостепени пресуди донесени во прекршочни постапки што ги поведе во 2013 година против членови на Советот на повеќе Општини. Со нив ДКСК бара при одмерување на глобата за сторениот прекршок првостепениот суд да има предвид дека за овој вид прекршок Законот за спречување судир на интереси, предвидува глоба во висина од 1.000 до 3.000 евра, поради што смета дека првостепениот суд во конкретниот случај требало да изрече глоба во износ не понизок од минималниот предвиден во истиот закон.

Одделение за евидентирање и следење на имотната состојба
Во периодот од изборот на новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата, од 14.04.2015 година заклучно со 01.07.2015 година, ДКСК постапува по 23 предмети од областа на нејзините надлежности по однос на евидентирањето и следењето на имотната состојба, од кои два се наследени од претходниот состав на ДКСК додека 10 се оформени по доставени пријави во наведениот период. Во периодот од изборот на новите членови на Државната комисија за спречување на корупцијата заклучно со 01.07.2015 година, од страна на избраните и именуваните функционери до ДКСК се поднесени: 43 анкетни листови по избор на функција, 14 анкетни листови по престанок на функција, 81 известувања за промени во имотната состојба, 4 анкетни листови/известувања за промена на функција и 3 анкетни листови/известувања за повторен избор на иста функција. Од страна на ДКСК, кон крајот на мај и почетокот на јуни 2015 година, беше изготвено е соопштение до сите избрани и именувани лица кои имаат законска обврска за поднесување на анкетен лист и изјава за судир на интереси, со укажување за начинот и формата за пополнување на податоците, дека истите треба да се пополнуваат електронски, со точни адресни и лични податоци, да се избегнува рачното пополнување, за единствено доставување на електронски пополнети образци на анкетни листови и изјави на интереси, за итноста од известување на ДКСК од страна на сите избрани и именувани лица доколку постои промена во наведените лични и адресни податоци со податоци за контакт од нивна страна. Соопштението е објавено на ВЕБ страницата на ДКСК и по пет дена во дневните пишани медиуми ,, ДНЕВНИК“ и ,,КОХА“, како и 10 дневно емитување на националниот канал на МТВ. Ефектите од јавното соопштение се евидентни, се почитувани препораките од страна на ДКСК, на начин што на дневна основа се доставуваат образци со точни податоци и можноста за грешка во податоците е сведена нула. Евентуалните промени на податоци или на промената на имот се внесуваат во системот на ДКСК веднаш, а во рок од неколку часа се видливи и на ВЕБ страницата на ДКСК. Воведен е регистар на избрани и именувани лица со Измените на Законот за спречување на корупцијата што се однесуваат на утврдување на надлежност на ДКСК водење Регистар на избрани и именувани лица, одговорни лица во јавни претпријатија, јавни установи или други правни лица кои располагаат со државен капитал“ се усвоени на 12 јуни 2015 (Сл. весник на РМ бр. 97/15), а ќе се применува после една година од денот на неговото донесување. Измените на Законот за спречување на корупцијата што се однесуваат на утврдување на надлежност на ДКСК „водење Регистар на избрани и именувани лица, одговорни лица во јавни претпријатија, јавни установи или други правни лица кои располагаат со државен капитал“ се усвоени на 12 јуни 2015 (Сл. весник на РМ бр. 97/15) и ДКСК во утврдениот рок ќе го донесе подзаконскиот акт за формата и содржината на образецот, како и содржината, формата и начинот на водење на регистарот.

Буџет на РМ:
Државната комисија за спречување на корупцијата во периодот од 14 април 2015 година до денес, придонела Буџетот на РМ по основ на изречени глоби во судски и други постапки да се зголеми за 20.284 евра.

Со почит,
Државна комисија за спречување на корупцијата

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo