Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Соопштенија arrow Соопштение
Соопштение Испечати Е-пошта
press 09.12.2010 019

04.09.2015
Државната комисија за спречување на корупцијата како приоритетен ангажман во агендата на својата работа ги постави сите активности што произлегуваат согласно со утврдените рокови на мерките од приоритет 1-Владеење на правото и правосудство - Антикорупциски политики и законодавство, утврдени во Планот на aктивности на Владата на РМ согласно со Листата на итни реформски приоритети за РМ доставен од страна на Европската комисија.

Во смисла на ова, а во насока на остварување на мерката која се однесува на изработка на законско решение за воведување системска институционална заштита на укажувачите (лицата кои пријавуваат сомневање или сознание за корупција) на 03.09.2015 година, ДКСК го одржа првиот работен состанок со членовите на работната група за анализа и изготвување измени и дополнувања на Законот за спречување на корупцијата и Законот за спречување судир на интереси.

На состанокот работната група го утврди начинот на работа и концептот во врска со пристапот на уредување на заштитата на укажувачите со донесување ново законско решение.


Исто така Претседателот на ДКСК, Горан Миленков кој воедно е и Претседател на работната група, одржа состанок со Шефот на Делегацијата на Република Македонија во ГРЕКО, г-ѓа Анета Арнаудовска, во врска со потребата за вклучување на експерти од ГРЕКО во работата на новото законско решение за заштита на укажувачи и воспоставување на систем на институционална заштита на укажувачите.

Воведувањето на системот на интегритет и особено системот на заштита на лицата кои пријавуваат сомневање или сознание за корупција со нивно нормирање и воведување во антикорупциското законодавство на Република Македонија е целосно елаборирано и поддржано од Државната комисија за спречување на корупцијата. За тоа говорат и активностите предвидени уште со донесувањето на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата 2011 -2015 со Акционен план. Во овој документ системот на интегритетот е препознаен како потреба од воведување на систематизирани мерки за спречување на корупцијата и во негови рамки е потенцирана и потребата од законско уредување заради обезбедување на системска и институционална заштита на лицата кои пријавуваат корупција.

Од особено значење е формирањето на работната група за анализа и изготвување измени и дополнувања на Законот за спречување на корупцијата и на Законот за спречување судир на интереси која ќе даде особен придонес во дефинирањето на системот на заштита на укажувачите, при што ќе се имаат во предвид мислењето на Европската комисија како и компаративните искуства на земјите кои веќе го имаат воведено системот на заштита на укажувачите.

Државната комисија за спречување на корупцијата, во рамките на Мерката „1.4.2.1 Донесување нов национален стратешки документ/државни програми за превенција и репресија на корупцијата и превенција и намалување на појавата на судир на интереси со акционен план“ покрај активностите кои се досега реализирани, во текот на месец август 2015 година ги реализира и следните активности:

-Од страна на ДКСК донесен е и усвоен Оперативен план за донесување на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и превенција и намалување на појавата на судир на интереси 2016-2019

-Согласно со роковите утврдени во Оперативниот план формирана е работна група со претставници од институциите кои ќе се вклучат во процесот на подготовка, креирање и изготвување на Државната програма 2016-2019.

Исто така, во насока на успешна реализација на поставените цели и активности за донесување на новата Државна програма, ДКСК оствари соработка и обезбеди поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Македонскиот центар за меѓународна соработка. Во рамките на соработката со Македонскиот центар за меѓународна соработка обезбедена е експертска поддршка преку ангажирање на меѓународен експерт за антикорупција.

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo