Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Соопштение Испечати Е-пошта
press 09.12.2010 019

09.09.2015
Државната комисија за спречување на корупцијата во рамките на воспоставената соработка со граѓанската организација Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), поддржана со Програмата на УСАИД за антикорупција што ја спроведува МЦМС, оствари работна средба со меѓународниот експерт за антикорупција Руслан Стефанов, од Центарот за изучување на демократија од Република Бугарија.

Повод за одржување на работната средба е процесот на изготвување и донесување на новиот стратешки антикорупциски документ на ДКСК - Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и превенција и намалување на појавата на судир на интереси со Акционен план 2016-2019. На средбата покрај претставници од ДКСК и МЦМС, присуствуваа и претставници од Министерството за правда.

Од страна на експертот и присутните на средбата се разговараше за Насоките за изготвување на Државната програма 2016-2019, по што се очекува експертско мислење во однос на истите.

Државната комисија за спречување на корупцијата, ја реализира оваа активност во рамките на Мерката „1.4.2.1 Донесување нов национален стратешки документ/државни програми за превенција и репресија на корупцијата и превенција и намалување на појавата на судир на интереси со акционен план“ утврдена во Планот на aктивности на Владата на РМ согласно со Листата на итни реформски приоритети за РМ доставен од страна на Европската комисија, а согласно со утврдените рокови во Оперативниот план за донесување на Државната програма 2016-2019.

 
< Претходно

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo