Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Државна програма arrow Работилница на тема:
Работилница на тема: Испечати Е-пошта
Подготовка и унапредување на текстот на предлог наративниот дел на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и превенција и намалување на појавата на судир на интереси 2016 – 2019“
press 09.12.2010 019


01.10.2015 Државната комисија за спречување на корупцијата во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Македонскиот центар за меѓународна соработка организира работилница на тема „Подготовка и унапредување на текстот на предлог наративниот дел на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и превенција и намалување на појавата на судир на интереси 2016 – 2019“.

Воведно обраќање на работилниците имаа Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Горан Миленков, Националниот програм офицер од ОБСЕ Маја Лазарова Крстевска и Првиот извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка Александар Кржаловски.

На работилницата се презентираше наративниот текст на ДП 2016-2019 изготвен од ДКСК со стручно мислење од меѓународниот експерт за антикорупција г-дин Руслан Стефанов, ангажиран преку Програмата на УСАИД за антикорупција што ја спроведува МЦМС.

На работилницата учествуваат претставници од институциите директно вклучени во изготвувањето и имплементацијата на активностите од Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и превенција и намалување на појавата на судир на интереси 2016-2019: Собрание на РМ, Влада на РМ, Министерство за правда, Министерство за информатичко општество и администрација, Министерство за финансии, Министерство за внатрешни работи, Министерство за економија, Министерство за локална самоуправа, Државен завод за ревизија, Државна изборна комисија, Управа за јавни приходи, Биро за јавни набавки, Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Судски совет на РМ, Совет на јавните обвинители на РМ, ЗЕЛС, граѓанските организации МЦМС и Центар за граѓански комуникации, Стопанска комора на РМ, Сојуз на стопански комори на Македонија, Бизнис конфедерација на Македонија и Претставник/ Шеф на делегацијата на РМ во ГРЕКО.

Се очекува претставниците од институциите да дадат мислења, предлози и дополнителни содржини во текстот на Насоките, а особено преку детектирање на проблеми/ризични фактори за појава на корупција или судир на интереси во оние области/стратешки програми кои се утврдени за остварување на стратешките цели, од делокругот на нивната институционална надлежност и постапување.

По дадените предлози и дискусија од страна на сите учесници на работилницата, истите ќе послужат како основа за утврдување и дефинирање на мерките од Акциониот план за остварување на Државната програма 2016-2019.

Повеќе слики од работилницата во Галерија со слики

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo