Работилница |
![]() |
![]() |
![]()
Државната комисија за спречување на корупцијата во рамките на планираните активности и утврдените рокови во Оперативниот план за донесување на новата Државна програма 2016-2019, а во насока на успешна реализација на законските надлежности и поставените стратешки цели, организираше работилница за изработка на Акциониот план за остварување на Државната програма. Работилницата ја опфати фазата на изработка на предлог Акциониот план за остварување на Државната програма 2016-2019, кој ќе ги отслика сите согледувања и констатации од досегашните заеднички активности и во кој ќе бидат опфатени конкретни, реални, одржливи и спроведливи мерки за ефикасна превенција на корупцијата и судирот на интереси. Изготвувањето на Акциониот план Државната програма 2016-2019 се одвива во работни групи, во согласност со стратешките цели и области утврдени во текстот на насоките за изготвување на наративниот дел на Државната програма. Со цел создавање ефективна основа за утврдување и дефинирање на мерките од Акциониот план на Државната програма 2016-2019, номинираните лица од институциите кои се директно вклучени во процесот на изготвување на документот, дадоа предлози и мислења за издвојување на приоритетните стратешки области и утврдување и дефинирање на конкретни предлог мерки и ативности преку кои би се надминале детектираните проблеми и ризици за појава на корупција и судир на интереси во утврдените стратешки области. Повеќе слики од работилницата во Галерија со слики |
< Претходно | Следно > |
---|