Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Соопштенија arrow Соопштение
Соопштение Испечати Е-пошта
logo-kontakt_50

27.01.2016

Државната комисија за спречување на корупцијата одржа работна средба со експерти од Бирото за борба против корупција на Полска во рамки на ИПА Твининг проектот „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“.

На средбата присуствуваа Претседателот на ДКСК Горан Миленков, проектниот лидер д-р Игор Тантуровски, членовите на ДКСК, Постојаниот твининг советник Детлеф фон Шмелинг и двајца експерти од Бирото за борба против корупција на Полска.

На состанокот беше презентирана образовната платформа за електронско учење на Бирото за борба против корупција на Полска наменета за претставници на јавната администрација, бизнис секторот и сите заинтересирани граѓани, чија основна цел е да придонесе за зголемување на нивото на јавната свест и перцепција на корупцијата. Со учество на бесплатниот курс за е-учење учесниците се здобиваат со знаења за институционалните и правните инструменти за борба против корупција, постоечките закони и методи на борба против корупцијата, а по спроведување на тестирањето учесникот добива соодветен сертификат. Проектот образовна платформа за електронско учење на Бирото за борба против корупција на Полска активно се реализира во седум држави.

Државната комисија за спречување на корупцијата го изрази своето позитивно мислење за спроведување на образовна платформа за електронско учење со антикорупциска содржина и во Република Македонија.

Носител на проектот ќе биде Државната комисија за спречување на корупцијата со проектната единица на ИПА Твининг проектот „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“ и со поддршка на Бирото за борба против корупција на Полска, а негово стартување се очекува во јуни 2016 година.

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo