Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Интервју Испечати Е-пошта

konferencijathumb

14.02.2016

Интервју со Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Горан Миленков за дневниот весник "Вечер"

АНТИКОРУПЦИСКА УТВРДИ ШТО СМЕАТ ПОЛИТИЧАРИТЕ ПРЕД ИЗБОРИ

НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ИЗБОРИТЕ ДА И НАНЕСАТ ШТЕТА НА ДРЖАВАТА И ДА ГО СПРЕЧАТ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ И РАЗВОЈ

ДКСК, врз основа на своите законски надлежности во обезбедување на законитост на изборниот процес и на текот на изборната кампања, утврди оперативен план за своето дејствување во целиот изборен период и со ваквиот режим на работа ДКСК се раководи од начелото на ненанесување штета на било кој субјект и притоа смета дека не треба да се попречи економскиот развој на државата  

konferencijathumb

 

Државната комисија за спречување на корупцијата ја донесе Државната програма 2016-2019. Што претставува тој документ?

Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и превенција и намалување на појавата на судир на интереси со Акционен план 2016-2019 претставува надградба и континуитет на досегашните антикорупциски стратегии, во склад со обврските на Република Македонија што произлегуваат од ратификуваните антикорупциски конвенции и меѓународните стандарди, како и домашното законодавство, а се базира на добрите домашни и меѓународни практики. Во концептот на Државната програма 2016-2019 е применет интегриран пристап насочен кон пет стратегиски цели што се однесуваат на јакнење на системите на превенција и репресија на корупцијата и судирот на интереси, капацитетите и независноста на институциите за спроведување на законите, вклученоста на јавноста за превенција и борба против корупцијата и судирот на интереси, како и ефикасна координација на антикорупциските активности, следење и евалуација на остварувањето. Ваквата ориентација на Државната програма 2016-2019 овозможува подигање на борбата против корупцијата и судирот на интереси на повисоко ниво од секторскиот пристап и создавање стратегиска рамка за креирање поединечни стратегии и акциони планови за превенција и борба против корупцијата и судирот на интереси. Во концептот на Државната програма 2016-2019 акцентот е ставен на нејзината спроведливост и постигнати ефекти. Од надлежните субјекти за реализација на активностите е неопходна исклучителна посветеност, одговорност и извештајност. Исто така, на настанот беше презентирано остварувањето на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и Државната програма за превенција и намалување на појавата на судир на интереси со Акционен план 2011-2015.

Каква е меѓуинституционалната и меѓународна соработка на ДКСК?

Државната комисија за спречување корупција одржа повеќе работни средби со домашни институции и меѓународни тела. ДКСК одржа работна средба со вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими во врска со итните реформски приоритети на Република Македонија на која се разговараше за сите активности од Акцискиот план за итните реформски приоритети на Македонија кои се во надлежност или се поврзани со работата на ДКСК, како и за ингеренциите, препораките и роковите што произлегуваат за нивно реализирање. ДКСК одржа работна средба со претставници од Министерството за образование и наука на тема воспоставување на соработка за реализација на проектот "Антикорупциска едукација на учениците од средните училишта". На средбата беше презентиран Проектот за воведување на антикорупциски програми во образовниот систем, кој има за цел изработка и спроведување на антикорупциска програма за едукација на учениците во средните училишта, најнапред како вон редовна настава во средното образование, а потоа и во редовна настава, како фундаментален чекор кон градење на активно граѓанство меѓу младите луѓе. Носител на проектот ќе биде Државната комисија за спречување на корупцијата во партнерство со Министерството за образование и наука. Подготовките за реализација на проектот "Антикорупциска едукација на учениците од средните училишта" ќе започнат веднаш, се со цел негово стартување во учебната 2016-2017 година.

Во Белград беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Државната комисија за спречување на корупцијата и Агенцијата за спречување на корупцијата на Република Србија. Целта на потпишувањето на Меморандумот за соработка е размена на искуства, информации и техничка помош, како и поддршка за унапредување на работата во склоп на надлежностите на двете институции. На работна средба посебен акцент се стави на софтверското решение за водење на електронски Регистар на функционери. Државната комисија за спречување на корупцијата одржа работна средба со експерти од Бирото за борба против корупција на Полска во рамки на ИПА Твининг проектот "Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата#. На состанокот беше презентирана образовната платформа за електронско учење на Бирото за борба против корупција на Полска наменета за претставници на јавната администрација, бизнис-секторот и сите заинтересирани граѓани, чија основна цел е да придонесе за зголемување на нивото на јавната свест и перцепција на корупцијата. Носител на проектот ќе биде Државната комисија за спречување на корупцијата со проектната единица на ИПА Твининг проектот "Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата" и со поддршка на Бирото за борба против корупција на Полска, а негово стартување се очекува во јуни 2016 година.

Имајќи го предвид актуелниот период, како работи Државната комисија за спречување на корупцијата? Како ДКСК го третира периодот од донесување на Одлуката за распуштање на Собранието на РМ и каков е начинот на работа на ДКСК за време на изборен период?

Во законската регулатива не постои терминот техничка или било каква влада, постои само влада и се додека не се донесе одлука за распишување на избори владата си работи нормално. Државата мора да функционира, инстициите мора да работат, ние не можеме сега да ги запреме институциите да си ги извршуваат нивните работи, согласно обврските што ги презеле. Согласно досегашната воведена практика, а имајќи ги предвид претходните мислења на ДКСК, по донесување на Одлуката за распуштање на Собранието на РМ, до ДКСК од страна на Генералниот секретаријат на Владата е доставено писмено барање на мислење со кое се бара концизно мислење во форма на писмен одговор по однос на прашања за постапување кое тангира два периоди и тоа: за време на мандатот на составот на преодната влада за спроведување на избори на пратеници, како и за време на периодот од денот на донесувањето на Одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на владата на Република Македонија. Државната комисија за спречување на корупцијата на седница на Комисијата донесе одговори за постапување за двата периоди, односно по однос на прашањата за постапување за време на мандатот на составот на преодната влада за спроведување на избори на пратеници, како и за време на периодот од денот на донесувањето на Одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на владата на Република Македонија донесе МИСЛЕЊЕ кое се однесува на органите на државната управа, фондовите, агенциите, дирекциите, јавните претпријатија, јавните установи, независните регулаторни тела основани од државата, трговските друштва основани од државата и други институции основани од државата и другите државни органи. ДКСК постапува согласно законските надлежности и се раководи исклучиво согласно законските одредби кои произлегуваат од Законот за спречување на корупцијата, Законот за спречување судир на интереси и Изборниот законик, кои не познаваат ваква или онаква влада, постои само влада. Со цел доследна примена на законските одредби што се однесуваат на изборите и превентивното дејствување за спречување на корупцијата во овој политички и демократски процес ДКСК укажува на обврските кои произлегуваат од Законот за спречување на корупцијата, член 11 став 2, според кој од денот на донесувањето на Одлуката за распишување на избори до завршувањето на изборот за пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите, не може да започне изградба со средства од буџетот или од јавни фондови, или со средства на јавни претпријатија или други правни лица што располагаат со државен капитал на нови објекти во инфраструктурата, како патишта, водоводи, далноводи, канализација и други објекти, или на објекти за општествени дејности - училишта, градинки и други објекти, освен ако за таа намена претходно се обезбедени средства од буџетот, односно се работи за реализација на програма донесена врз основа на закон во тековната година. Согласно Изборниот законик, во случај на поднесен приговор за непочитување на одредбата од членовите 8-а и член 8-б од овој Законик, Државната комисија за спречување на корупција е должна на јавна седница да ги испита наводите и да постапи по поднесениот приговор во рок не подолг од пет дена од денот на поднесувањето на приговорот. Државната комисија за спречување на корупцијата одлучува по приговорите на јавна седница и своите одлуки во рок од 24 часа ги објавува на својата веб страница. На седницата може да присуствува и подносителот на приговорот. Против одлуката на Државната комисија за спречување на корупција подносителот на приговорот има право на тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на одлуката.

ДКСК врз основа на своите законски надлежности во обезбедување на законитост на изборниот процес и на текот на изборната кампања, утврди оперативен план за своето дејствување во целиот изборен период и со ваквиот режим на работа ДКСК се раководи од начелото на ненанесување штета на било кој субјект и притоа смета дека не треба да се попречи економскиот развој на државата.

ДКСК е избрана од Собранието на РМ, каде што на пратениците мандат им дале граѓаните на избори, па од овде произлегува дека како членови на ДКСК индиректно сме избрани од самите граѓани. Токму затоа и називот на оваа институција е Државна комисија, која работи за државата. ДКСК не може да ја кочи државата и не може да им прави штета на граѓаните. Не смее да се кочи економскиот раст и развој на државата. Ние не можеме да спречиме изградба на инфраструктурен проект како што се патишта, водоводи.. тоа е веќе нанесување на штета.

 

Што смеат, а што не да прават политичарите пред избори?

Би Ви објаснил со неколку пластични примери, доколку пред донесување на одулката за распишување на избори, била започната реализација на определени проекти кои се од значење за целиот развој на државата, било да е тоа економски, социјален, или пак јавен државен интерес, или пак започнала реализација на веќе склучени договори, за тие преземени активности, не може да се даде забрана за нивна реализиација. Вие сте во владение на некој општествен стан, ви се пружила законска прилика да си го откупите тој стан и сте си ја повеле постапката и сте си платиле и сега замислете некој ви вика не можете сега да си го откупите станот зашто има избори, кога ќе завршат изборите тогаш, а вие немате кај да седите, или седите под кирија. Имено, замислете дека од страна на државата преземени се обврски по однос на реализација на проект за изведување на водоводна и канализациона мрежа во определена општина или град, па бидејќи државата е во фаза на изборен процес, да се забрани понатамошна реализација на тој проект, па се случува голема поплава и неможност за интервенција, бидејќи имало забрана за изградба на водоводна и канализациона мрежа, од причина што државата е во избори? Замислете каков импакт тоа би предизвикало воопшто за јавниот живот во таа општина и за граѓаните, зарем би дозволиле граѓаните да се поплават? Или друг пример, во некоја здравствена институција било предвидено и одобрено вработување на лекари, па и таа постапка да се прекине бидејќи државата е во избори, меѓутоа во тој изборен процес се случува болницата да нема лекар, на пример хирург, бидејќи во тек биле избори, па не може да се вработуваат такви стручни кадри, а некој човечки живот зависи од таков кадар. Зарем би дозволиле луѓето да не се оперираат и нивните животи да бидат ставени во реална опасност бидејќи државата е во избори? Или земете го проектот "Купи куќа, купи стан" или проектот за вдомување на млади брачни парови преку субвенционирање на државата во купување на домови за живеење за млади, проект кој постои веќе неколку години? Имено, ако некој млад човек обезбеди дел од парични средства за таа цел, па вие да му забраните да купува, бидејќи претстои или постои изборен процес, зарем би дозволиле тие млади луѓе да не ја остварат својата цел?

Некој ви влегува дома во вашето живеалиште и сега вие да немате каде да го пријавите, бидејќи во станица ви кажуваат - извинете немаме полицајци, имаме избори не ни даваат да ги вработиме. Тука законот јасно си кажува - кога е во прашање заштита на јавниот интерес, државниот интерес, економскиот развој на државата не може да се стопираат проектите. Не може 5-6 месеци државата да не функционира. Значи, тоа се тие рамки на сеопфатни и функционални решенија за овој период кој претстои, бидејќи државата во никој случај не може да престане со своето функционирање

Единствена работа од која се води Комисијата е да не се нанесе штета на државата и на граѓаните, онаму до каде што може согласно законот. Вие не можете здравството да го оставите без доктори, не може полицијата да се остави без полицајци, или армијата без одбрана затоа што ќе имало избори. Изборите си се избори, партиите си се натпреваруваат, но институциите мора да функционираат. Тоа го кажувам и согласно моето професионално искуство, како адвокат, кое ми покажало дека државата не може да застане во својот развој во било кое поле на работа во системот, а уште повеќе што ДКСК не може да забрани реализација на веќе започнати проекти за кои претходно се обезбедени средства во буџетот. Тоа во никој случај не е во спротивност со Законите кои ги споменав погоре, а на кои се заснова основната работа на комисијата.

Исто така напоменувам дека Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата, претходно имаат склучено Меморандум за соработка во врска со спроведувањето на одредбите за финансирањето на изборната кампања за размена на информации за утврдени неправилности во врска со доставените финансиски извештаи и мерките преземени од нивна страна спрема субјектот кој е предмет на надзор, а како таков истиот останува во сила. ДКСК во спроведувањето на законската регулатива за спречување на корупција во политиката во конкретни случаи и во овој изборен процес ќе остварува непосредна соработка со државните органи, како и со медиумите, здруженијата на граѓани и со граѓаните. Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спечување на корупцијата имаат склучено Меморандум за соработка во врска со спроведувањето на одредбите за финансирањето на изборната кампања за размена на информации за утврдени неправилности во врска со доставените финансиски извештаи и мерките превемени од нивна страна спрема субјектот кој е предмет на надзор.

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo