Јавна опомена |
![]() |
![]() |
![]() 03.03.2016 Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицата Неџат Исмаили, Шукрија Туфекџиоски и Ристо Јошев поради повреда на член 9 и член 20 став 1 и став 2 од Законот за спречување на судир на интерси и поради кумулација на функции – извршување на две функции истовремено и тоа:
Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување на судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба на судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување на судир на интереси се обрати лично до наведените службени лица со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажат од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршуваат, односно да се откажат од извршување на функцијата управител на трговско друштво или установа и за време на вршењето на јавните овластувања или должности се должени управувањето да и го доверат на други лица или посебно тело, освен на блиските лица утврдени во член 3 став 1 алинеја 5 од истиот закон, со што ќе ја отстранат повредата на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси и ќе ја спречат состојбата на судир на интереси во која се наоѓаат. Неџат Исмаили, Шукрија Туфекџиоски и Ристо Јошев не постапија по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на овие лица да им изрече мерка
Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување на судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање. Во контекст на наведеното Државната комисија за спречување на корупцијата Ви ги доставува податоците за изречената мерка ЈАВНА ОПОМЕНА на наведените лица со цел нивно објавување во јавноста. |
< Претходно | Следно > |
---|