Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Соопштенија arrow Оглас за вработување
Оглас за вработување Испечати Е-пошта
logo-kontakt_50

07.03.2016

Државната комисија за спречување на корупцијата објавува Оглас за вработување на 5 (пет) лица

Државната комисија за спречување на корупцијата врз основа на член 22, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија" бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15 и 129/15), a во врска со член 22 став (1) алинеја 2 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија" бр. 27/14 и 199/14) и Правилник за внатрешна организација на Државната комисија за спречување на корупцијата, број 02-2741/9 од 31.12.2015 година, Правилник за систематизација на работните места во Државната комисија за спречување на корупцијата, број 02-2741/8 од 31.12.2015 година и Правилник за измена на Правилникот за систематизација на работните места во Државната комисија за спречување на корупцијата бр.02-696/3 од 18.02.2016 година, објавува

ОГЛАС БРОЈ 2/2016 ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА 5 (ПЕТ) ИЗВРШИТЕЛИ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ВО ТРАЕЊЕ ДО 31 ДЕКЕМВРИ 2016 ГОДИНА ВО ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА

Државната комисија за спречување на корупцијата објавува оглас за вработување 5 (пет) лица преку засновање на работен однос на определено време во траење до 31 декември 2016 година за следниве работни места:

 

  1. Раководител на одделение за антикорупциска проверка на легислативата, Одделение за антикорупциска проверка на легислативата, Сектор за спречување на корупција и судир на интереси - 1 извршител.

  2. Потребни квалификации:
    Образование: Правни науки, најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен.
    Работно искуство: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор. дневно работно време 8 часа (08:30 16:30), неделно работно време 40 часа; основна нето плата 28. 286, 00 денари.

  3. Советник за антикорупциска проверка на легислативата, Одделение за антикорупциска проверка на легислативата, Сектор за спречување на корупција и судир на интереси - 4 извршители.

  4. Образование: Правни науки, најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен.
    Работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката
    дневно работно време 8 часа (08:30 16:30), неделно работно време 40 часа; основна нето плата 25. 006, 00 денари.

 

Повеќе податоци за работните должности на лицата кои ќе работат во Државната комисија за спречување на корупцијата на работните места за кои е распишан огласот може да се најдат во Правилникот за систематизација на работните места во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата објавен на следниот линк: http://www. dksk.org.mk

Заинтересираните кандидати треба да достават:

Своерачно потпишана пријава за работното место за кое се пријавуваат;
Кратка биографија CV со задолжително наведен контакт телефон и адреса;
Доказ за бараното работно искуство;
Фотокопија од свидетелство за завршен степен на образование кое се бара за работното место и Копија од уверение за државјанство.
Потребната документација да се достави во затворен коверт на следнава адреса
ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА
ул. „Даме Груев" бр. 1, 1000 Скопје
(со назнака „за оглас за вработување")

Поради итноста на постапката, пријавите се доставуваат преку архивата на Државната комисија за спречување на корупцијата или со препорачана пратка по пошта. Пријавите што нема да бидат поднесени на наведениот начин и во утврдениот poк и пријавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и истите нема да се разгледуваат. Рокот за доставување на потребната документација е десет (10) дена од денот на објавување на огласот во дневниот печат (не сметајќи го денот на самото објавување), односно најдоцна до 17.03.2016 година (четврток). По селекцијата на пријавите, кандидатите кои имаат уредна документација ќе бидат повикани на интервју во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата. Државната комисија за спречување на корупцијата ќе изврши избор во рокот пропишан согласно со член 23 став 2 од Законот за работните односи. Лице за контакт: Николина Т.Милошевска Телефон: 02/3215-377 e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА
Генерален секретар
Софка Пејовска Дојчиновска

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo