Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Демант Испечати Е-пошта
logo-kontakt_50

demant demant

 

05.04.2016

 

 

Почитувани,

Во насока на објективно информирање на јавноста, а во врска со вест објавена на Дневникот на телевизија ТЕЛМА, под наслов “Од страницата на Антикорупциска го снема анкетниот лист на Груевски“ ги демантираме тврдењата изнесени во конкретниот текст.

Тврдењата изнесени во наведениот медиум се неточни и станува збор за елементарно непознавање на работата и постапувањето на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Имено, Државната комисија за спречување на корупцијата како што и претходно информираше, повторно потенцира дека со внесување на податоците од доставен анкетен лист за престанок на функцијата во електронската база, системот АВТОМАТСКИ ги отстранува податоците објавени на веб страницата на ДКСК.

Согласно член 33 став 1 од Законот за спречување на корупцијата: “избран или именуван функционер, одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице кое располага со државен капитал, при изборот или именувањето, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот или именувањето пополнува анкетен лист со детален попис на недвижен имот, подвижни предмети од поголема вредност, хартии од вредност и побарувања и долгови, како и друг имот што е во негова сопственост или сопственост на членовите на неговото семејство, со наведување на основот на стекнување на пријавениот имот и депонира заверена изјава од нотар за откажување од заштита на банкарска тајна во однос на сите сметки во домашни и странски банки”.

  Согласно став 2 од истиот член Лицата од ставот 1 имаат обврска да пополнат анкетен лист во рок од 30 дена по престанувањето на функцијата.

Согласно на горенаведеното, лицето Никола Груевски, поранешен Претседател на Владата на Република Македонија има уредно доставено анкетен лист за престанок на функцијата во законски утврдениот рок.

 

Воедно, Комисијата изрично напоменува и нагласува дека во изминатиот период, Државната Комисија за спречување на корупцијата континуирано ги ажурира податоците од доставените анкетни листови и известувањата за промени во имотната состојба на избраните и именувани лица и истите се објавуваат на ВЕБ страната на ДКСК. Притоа, до сите медиуми и јавни гласила доставени се и деманти во врска со објавени податоци и информации кои не кореспондираат согласно Законот за спречување на корупцијата, а кои посебно се однесуваат на информации од определени медиуми во врска со непријавување на промени во имотната состојба или ненавремено доставување анкетни листови. Ова особено се однесува за поранешни функционери за кои ДКСК констатира дека истите со престанокот на функциите навремено и во строго определените законски рокови, уредно поднеле анкетни листови за својата имотна состојба.  

Со вакво постапување, не само што се создава погрешна перцепција во јавноста, туку и се прекршуваат принципите на професионалното и етичко новинарство. Истовремено, упатуваме апел до медиумите и укажуваме за проверка на релевантноста и точноста на информациите пред нивно објавување и консултација со институцијата чие име се користи.
 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo