Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна
Демант Испечати Е-пошта
logo-kontakt_50

demant demant

 

11.04.2016

 

 

Почитувани,

Во вестите емитувани на телевизија 24 вести под наслов „Објaвени имотните состојби на дел од членовите на Антикорупциска“ е поставено прашањето зошто до сега не биле објавени анкетните листови на Претседателот на ДКСК Горан Миленков и на членовите на ДКСК д-р Игор Тантуровски и д-р Фарије Алиу.

Имено, од страна на лицето Слаѓана Тасева како бивш член и Претседател на ДКСК, а сега како претставник на Транспаренси интернационал, која се јави како експерт на оваа тема, треба добро да го познава Законот за спречување на корупцијата и да знае како се постапува со анкетните листови на членовите на ДКСК. Оваа нејзина изјава не само што е некоректна и невистинита, туку во најмала рака покажува елементарно непознавање на Законот за спречување на корупцијата и на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата. Секако ова важи доколку лицето Слаѓана Тасева ова не го прави намерно со цел да ја дискредитира работата на ДКСК од политички причини.

Неколку пати до сега ДКСК упати апел до медиумите да не се создава погрешна перцепција во јавноста и да не се прекршуваат принципите на професионалното и етичко новинарство и укажа за проверка на релевантноста и точноста на информациите пред нивно објавување и консултација со институцијата чие име се користи.

Неточна и невистинита е изјавата дека Претседателот на ДКСК Горан Миленков и на членовите на ДКСК д-р Игор Тантуровски и д-р Фарије Алиу досега не го доставилe анкетниот лист за својата имотна состојба.

 

Имено, сите членови, со стапување на функцијата член на ДКСК, во законски утврдениот рок уредно и согласно сите правила за објавување на податоци за имотната состојба, го пријавија својот имот во законски определениот рок од 30 дена. Согласно Законот за спречување на корупцијата и согласно член 50-а од истиот закон, анкетните листови за имотната состојба уредно се доставени до Комисијата за прашања на изборите и именувањата Собранието на РМ и до Управата за јавни приходи.

 

Меѓутоа, со влегување во сила на измените за Законот за спречување на корупцијата и со примена на членот 50-а, произлезе обврската на членовите на комисијата за објавување на својата имотна состојба согласно доставените анкетни листови на ВЕБ страната на ДКСК.

Со измените на Законот за спречување на корупцијата од месец Јуни 2015 година, анкетните листови на Претседателот на ДКСК Горан Миленков и на членот на ДКСК д-р Игор Тантуровски веднаш се објавени и на ВЕБ страната на ДКСК. Потоа, тоа го има сторено и членот на ДКСК д-р Фарие Алиу. Појаснуваме дека до месец Јуни 2015 година, членовите на ДКСК немаа законска обврска своите анкетни листови да ги објавуваат на ВЕБ страната на ДКСК, освен обврската да ги достават анкетните листови до матичната комисија, Собранието на РМ и до УЈП.

 

Имајќи го ова предвид, актуелниот Претседател и член на Комисијата, Горан Миленков и членот на ДКСК д-р Игор Тантуровски по однос на својата законска обврска за пријавување на имотната состојба, во законски дадениот рок, го доставиле анкетниот лист и истиот согласно Законот уредно и јавно е објавен на ВЕБ страната на ДКСК, а не како што неточно информираа некои медиуми и портали дека анкетните листови се објавени пред неколку дена.

  Воедно, согласно Законот за спречување на корупцијата, Претседателот на ДКСК Горан Миленков и членовите на ДКСК д-р Игор Тантуровски и д-р Фарије Алиу уредно и во законскиот рок, ја имаат пријавено секоја промена на својата имотна состојба со точно утврдени податоци за промената и стекнувањето на имотот.

  Потенцираме дека анкетните листови на сите членови не се објавени деновиве како што пренесе телевизија 24 Вести, туку пред една година, веднаш по стапувањето на функцијата членови на ДКСК, а со измените на Законот од месец Јуни 2015 година, и на ВЕБ страната на ДКСК.

  Со цел објективно и вистинито информирање на јавноста, ДКСК бара од Вас како медиумски куќи, а се со цел да не се шират лажни и неточни информации да ги проверите информациите кои веќе ги пласиравте во јавноста, да го објавите овој демант во целост на Вашиот медиум а веднаш потоа ЈАВНО да се извините на членовите на ДКСК кои ги испочитувале сите законски обврски кои произлегуваат од Законот за спречување на корупцијата.

 

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo

Превземи вести