Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна
Соопштение Испечати Е-пошта
press 09.12.2010 019

27.04.2016

Државната комисија за спречување на корупцијата со поддршка на германската Сојузна служба за администрација одржа работилница на тема: „Унапредена меѓуинституционална соработка“ во рамки на ИПА Твининг проектот „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“, компонента 1 „Унапредување на антикорупциската правна и институционална рамка“.

На работилницата воведно обраќање имаше Претседателот на ДКСК д-р Игор Тантуровски, а свое излагање имаа Постојаниот твининг советник Детлеф фон Шмелинг и експертите за антикорупција од Германија Торстен Рубел и Детлеф Кројцер.

На работилницата се презентираа Анализа на соработка меѓу државните институции во борбата против корупцијата, истражување на сегашната соработка, позитивен пример за соработка на Хамбуршката конференција и унапредена соработка за мерливи резултати во финансиски криминал.

Во прилог следи обраќањето на Претседателот на ДКСК д-р Игор Тантуровски.

 

press 09.12.2010 019

 

 

 

 

Борбата против корупцијата бара постојан ангажман на сите релевантни тела во земјата кои постапуваат согласно нивните законски утврдени надлежности. Неспорен е фактот дека за ефикасно справувањето со ова зло подеднакво e важно унапредување на превентивните и на репресивните механизми, алатки и постапувања, како и континуирано јакнење на капацитетите на антикорупциските тела. Токму во таа насока е и Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и на судирот на интереси со Акционен план 2016-2019. Во Програмата се утврдени низа активности, кои на среднорочен период ќе овозможат зајакнување на капацитетите на овие тела, но и унапредување на вклученоста на јавноста во целина за превенција и борба против корупцијата и судирот на интереси.

Сепак, постапувањето на надлежните тела, како и издвоените превентивни антикорупциски проекти на граѓанскиот сектор, нема да ги дадат очекуваните резултати доколку не се воспостави одржлив систем на соработка меѓу сите релевантни актери, при тоа се разбира почитувајќи ги спецификите на секој од нив, како и законските надлежности.

Заради ефикасно и непречено остварување на надлежностите на ДКСК, Владата на РМ во 2004 година донесе Упатство за соработка на органите на државната управа, јавните претпријатија, јавните установи и други правни лица што располагаат со државен капитал со ДКСК („Сл. весник на РМ“ бр. 81/2004 и 135/2006 - дополнување)

Во 2006 година Владата формираше Меѓуресорско тело за координација на активностите против корупцијата. Со ова тело претседава Министерството за правда и се одржуваат состаноци по потреба, вообичаено неколку пати во текот на годината, пред се на теми поврзани со стратешки пристапи за борба против корупцијата, реализација на препораките на ГРЕКО и на други извештаи од меѓународните организации.

Со цел натамошно унапредување на меѓу институционалната соработка, ДКСК во 2007 година иницирање потпишување на Протокол за соработка за превенција и репресија на корупцијата и на судирот на интереси со 10 државни институции заради потврдување на заедничките заложби и придонес за унапредување на соработката во однос на размена на информации, водење заеднички договорени активности меѓу потписниците, координација на активностите и друго, а согласно позитивното законодавство на Република Македонија. Вкупниот број на потписници на Протоколот до сега изнесува 19 институции.

Како што веќе споменав, соработката мора да ги опфати и другите општествени чинители, односно граѓанскиот и приватниот сектор. Повторно во улога на координатор, ДКСК во 2010 иницираше Меморандум за взаемна поддршка за спречување на корупцијата и судирот на интереси со граѓанскиот сектор кој до сега го имаат потпишано 22 граѓански организации. Во 2011 година ДКСК иницираше и Меморандум за взаемна поддршка со приватниот сектор, кој до сега го имаат потпишано 9 стопански комори и бизнис асоцијации. Врз основа на овие меморандуми реализирани се повеќе заеднички проектни активности.

И конечно, согласно членот 85 од Изборниот законик, ДИК, ДЗР и ДКСК склучуваат Меморандум за соработка во врска со спроведувањето на одредбите за финансирањето на изборната кампања за размена на информации за утврдени неправилности во врска со доставените финансиски извештаи и мерките превземени од нивна страна спрема субјектот кој е предмет на надзор. Врз основа на оваа законска одредба наведените институции потпишаа Меморандум за соработка на 22.03.2013 година.

* * *

Моделите за континуирана соработка постојано треба да се промовираат и унапредуваат. За таа цел, во рамките на Твининг проектот „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“ во кој ДКСК е главен корисник а твининг партнер е Сојузната служба за администрација на Германија, беше предвидена посебна активност за можностите за унапредување на соработката. Во рамките на оваа активност беа реализирани повеќе експертски мисии од страна на експерти од Германија со цел да го преиспитаат воспоставениот Протокол и другите форми на антикорупциска соработка и евентуално да предложат дополнителни елементи за унапредување.

Во продолжение, ќе ви бидат презентирани главните наоди од експертите, како и нивните предлози, пред се засновани на компаративното искуството од Германија.

Повеќе слики можете да видите на линкот

 

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo

Превземи вести