Соопштение |
![]() |
![]() |
![]()
27.04.2016 На работилницата воведно обраќање имаше Претседателот на ДКСК д-р Игор Тантуровски, а свое излагање имаа Постојаниот твининг советник Детлеф фон Шмелинг и експертите за антикорупција од Германија Торстен Рубел и Детлеф Кројцер. На работилницата се презентираа Анализа на соработка меѓу државните институции во борбата против корупцијата, истражување на сегашната соработка, позитивен пример за соработка на Хамбуршката конференција и унапредена соработка за мерливи резултати во финансиски криминал. Во прилог следи обраќањето на Претседателот на ДКСК д-р Игор Тантуровски.
![]()
Борбата против корупцијата бара постојан ангажман на сите релевантни тела во земјата кои постапуваат согласно нивните законски утврдени надлежности. Неспорен е фактот дека за ефикасно справувањето со ова зло подеднакво e важно унапредување на превентивните и на репресивните механизми, алатки и постапувања, како и континуирано јакнење на капацитетите на антикорупциските тела. Токму во таа насока е и Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и на судирот на интереси со Акционен план 2016-2019. Во Програмата се утврдени низа активности, кои на среднорочен период ќе овозможат зајакнување на капацитетите на овие тела, но и унапредување на вклученоста на јавноста во целина за превенција и борба против корупцијата и судирот на интереси. Сепак, постапувањето на надлежните тела, како и издвоените превентивни антикорупциски проекти на граѓанскиот сектор, нема да ги дадат очекуваните резултати доколку не се воспостави одржлив систем на соработка меѓу сите релевантни актери, при тоа се разбира почитувајќи ги спецификите на секој од нив, како и законските надлежности. Заради ефикасно и непречено остварување на надлежностите на ДКСК, Владата на РМ во 2004 година донесе Упатство за соработка на органите на државната управа, јавните претпријатија, јавните установи и други правни лица што располагаат со државен капитал со ДКСК („Сл. весник на РМ“ бр. 81/2004 и 135/2006 - дополнување) Во 2006 година Владата формираше Меѓуресорско тело за координација на активностите против корупцијата. Со ова тело претседава Министерството за правда и се одржуваат состаноци по потреба, вообичаено неколку пати во текот на годината, пред се на теми поврзани со стратешки пристапи за борба против корупцијата, реализација на препораките на ГРЕКО и на други извештаи од меѓународните организации. Со цел натамошно унапредување на меѓу институционалната соработка, ДКСК во 2007 година иницирање потпишување на Протокол за соработка за превенција и репресија на корупцијата и на судирот на интереси со 10 државни институции заради потврдување на заедничките заложби и придонес за унапредување на соработката во однос на размена на информации, водење заеднички договорени активности меѓу потписниците, координација на активностите и друго, а согласно позитивното законодавство на Република Македонија. Вкупниот број на потписници на Протоколот до сега изнесува 19 институции. Како што веќе споменав, соработката мора да ги опфати и другите општествени чинители, односно граѓанскиот и приватниот сектор. Повторно во улога на координатор, ДКСК во 2010 иницираше Меморандум за взаемна поддршка за спречување на корупцијата и судирот на интереси со граѓанскиот сектор кој до сега го имаат потпишано 22 граѓански организации. Во 2011 година ДКСК иницираше и Меморандум за взаемна поддршка со приватниот сектор, кој до сега го имаат потпишано 9 стопански комори и бизнис асоцијации. Врз основа на овие меморандуми реализирани се повеќе заеднички проектни активности. И конечно, согласно членот 85 од Изборниот законик, ДИК, ДЗР и ДКСК склучуваат Меморандум за соработка во врска со спроведувањето на одредбите за финансирањето на изборната кампања за размена на информации за утврдени неправилности во врска со доставените финансиски извештаи и мерките превземени од нивна страна спрема субјектот кој е предмет на надзор. Врз основа на оваа законска одредба наведените институции потпишаа Меморандум за соработка на 22.03.2013 година.
* * *
Моделите за континуирана соработка постојано треба да се промовираат и унапредуваат. За таа цел, во рамките на Твининг проектот „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“ во кој ДКСК е главен корисник а твининг партнер е Сојузната служба за администрација на Германија, беше предвидена посебна активност за можностите за унапредување на соработката. Во рамките на оваа активност беа реализирани повеќе експертски мисии од страна на експерти од Германија со цел да го преиспитаат воспоставениот Протокол и другите форми на антикорупциска соработка и евентуално да предложат дополнителни елементи за унапредување. Во продолжение, ќе ви бидат презентирани главните наоди од експертите, како и нивните предлози, пред се засновани на компаративното искуството од Германија. Повеќе слики можете да видите на линкот
|
< Претходно | Следно > |
---|