Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна
Реакција на ДКСК по објавен текст Испечати Е-пошта
logo-kontakt_50

 

03.06.2016

   Во врска со текстот објавен на zhurnal.mk на ден 01.06.2016 година со наслов: „Skandal: Sipas Andonovës shqiptarët janë "invalid" për tu punësuar në Antikorrupcion, antarët shqiptar "flejnë"!“ (Скандал: Според Андонова Албанците се "инвалиди" за да се вработат во ДКСК, албанските членови "спијат"!), Државната комисија за спречување на корупцијата реагира и најостро ги осудува наводите содржани во насловот и во текстот кои се насочени кон ширење на невистини и меѓуетничка омраза и дискредитација на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Во информацијата која Државната комисија за спречување на корупцијата ја даде на zhurnal.mk на нивно барање, а се однесува на вработувањата во ДКСК, дадени се податоци од официјалниот записник на Комисијата за вработување и во текстот никаде не е употребен зборот „Албанци“ ниту се употребува зборот „инвалиди“, а најмалку имало цел да се изрече навреда кон некого.

Портпаролот Андонова не пренесува лични ставови туку тоа се ставови на Државната комисија за спречување на корупцијата. ДКСК смета дека со ваквото тенденциозно, грубо и навредливо информирање од страна на zhurnal.mk се прекршени принципите на професионалното и етичко информирање и е создадена погрешна перцепција во јавноста.

ДКСК бара од авторот на горенаведената вест, главниот и одговорен уредник и од zhurnal.mk да се оградат од текстот и да се извинат на Државната комисија за спречување на корупцијата, а посебно на членовите на ДКСК кои се прозвани во текстот и на портпаролот на ДКСК за објавените наводи со кои се дискредитира личниот интегритет и углед, како и угледот на институцијата.

 

За ова ќе биде информирана Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, новинарски здруженија и сите релевантни институции кои вршат надзор врз работењето на медиумите и ќе биде побарано да се преземат најстроги санкции кон вашиот медиум, главен и одговорен уредник и новинарот кој ја подготвил оваа информација.

Оргиналниот допис можете да го превземете тука

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo

Превземи вести