Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна
Реакција на ДКСК по објавен текст на СКУП Испечати Е-пошта
logo-kontakt_50

 

10.06.2016

   Во врска со текстот објавен на www.scoop.mk на ден 03.06.2016 година со наслов: „Антикорупциската во криза: 520 илјади евра и само 1 пријава" Државната комисија за спречување на корупцијата реагира и најостро ги осудува наводите содржани во текстот кои се насочени кон ширење на невистини и дискредитација на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата, притоа и на Комисијата како државен субјект.

ДКСК смета дека со ваквото тенденциозно информирање од страна на СКУП Македонија се прекршени принципите на професионалното и етичко информирање и е со цел создавање погрешна перцепција во јавноста.

Не се точни наводите дека во ДКСК се вработени 31 лице. ДКСК брои 27 вработени во Секретаријатот и 7 членови на комисијата. Со овој капацитет на вработени ДКСК ги извршува работите по своите надлежности самостојно и независно, но и тековните работи во својство на правно лице како независна државна институција. ДКСК 2015 година ја започна со Буџет од 31.982.000,00 денари. Крајната реализација на Буџетот на ДКСК за 2015 година изнесува 26.796.267,00 денари, односно 83,79 %. Буџетот на ДКСК за 2015 година е креиран претходната година, крајот на 2014 година, согласно законските прописи, па одовде произлегува нелогичноста за поврзување на висината на буџетот со овој состав на Комисијата избран на 14 април 2015 година. Зголемувањето на Буџетот е и една од препораките на ГРЕКО од 4-тиот круг на евалуација и која како обврска е преземена од страна на Република Македонија. Предвидениот износ на обврски спрема доверителот ЕВН Македонија АД, Скопје, заостанат долг од 2007 година, значително се намали и е направена заштеда на име застарени обврски и отпишани камати по обврски во износ од 1.328.819,00 денари. Се напоменува дека овој долг е наследен од 2007 година, од претходните состави, кога претседатели и членови биле определени лица кој сега се нарекуваат ,,експерти,, Во текот на 2015 по разни основи ДКСК во Буџетот на РМ внесе 50.380 евра или 3.113.480 денари, кој е ноторен факт и е евидентен. Во насока на развивање на капацитетите, преку примена на меѓународните методи за оценка на квалитетот на работата и управувањето, укажуваме дека ДКСК во 2015 година се стекна со сертификат на стандардот ИСО 9001:2008.

Во согласност со надлежностите од Законот за спречување на корупцијата, ДКСК во 2015 година постапуваше по 273 предмети за конкретни случаи во кои постои сомневање за корупција иницирани преку пријави од граѓани, правни лица и по сопствено наоѓање. Од нив решени се 137.

 

ДКСК одлучи до Јавното обвинителство на Република Македонија да покрене иницијативи за поведување постапка за кривично гонење на избрани или именувани лица, службени лица или одговорни лица во јавни претпријатија, јавни установи и други правни лица што располагаат со државен капитал. Од страна на ДКСК, поведени се постапки пред надлежен орган за разрешување на одговорни лица.

До денес оформени се нови 124 предмети. По оформените предмети ДКСК работеше без исклучок, а подносителите на пријавите ги известуваше за исходот од своето постапување. Во периодот од 01.01.2015 - 31.12.2015 година, во ДКСК се оформени вкупно 107 нови предмети од областа на судирот на интереси, а од нив завршени се вкупно 64 предмети или вкупно 122 предмети.

Покрај нив, во овој период затворени се дополнително и 58 предмети, примени и отворени во претходните години. Од ново отворените предмети во текот на 2015 година, ДКСК во 13 случаи констатира постоење на состојба на судир на интереси. Согласно со член 25 став 1 алинеја 1 во врска со член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси, ДКСК изрече до сега, 30 јавни опомени на службени лица кои беа во состојба на судир на интереси поради кумулација на функции.

До денес се примени вкупно 437 изјави за интереси од кои 68 изјави за интереси се од службени лица кои своите овластувања ги извршуваат во сферата на локалната самоуправа, 34 изјави во областа на правосудството и 335 изјави за интереси од службени лица во органите на државната власт.

Вкупниот број на изјави за интереси доставени до ДКСК сметано од моментот на воспоставување на обврската за нивно поднесување согласно со измените на Законот за спречување судир на интереси во 2009 година, а заклучно со крајот на 2015 година, изнесува 6.976 изјави за интереси.

Во 2015 година до ДКСК доставени се вкупно 1132 анкетни листови по избор или именување на функцијата, по престанок на функцијата, промена на функцијата, известување за повторен избор како и известувања за промена на имотната состојба. Во 2015 година ДКСК, согласно со законските надлежности, против седум избрани и именувани лица до надлежниот суд поднесе барања за поведување прекршочни постапки поради недоставување анкетен лист, односно непријавување промени на имотната состојба. Во овој период по овие и по претходно поднесените барања, судовите донеле 19 одлуки.

Според известувањата од УЈП, завршени се 19 постапки за испитување на имотот и имотната состојба, иницирани од ДКСК во претходниот период. Од нив 18 постапки се запрени со заклучок бидејќи е утврдено дека лицата против кои е поведена постапката немаат стекнато и не поседуваат имот што е поголем од оданочените приходи а во еден случај е донесено решение со кое лицето се задолжува со персонален данок на доход по основ на непријавени и неоданочени приходи во износ од 447.999,00 денари.

Притоа, членовите на ДКСК не „примиле“ парични средства во Евра (неточен и невистинит податок), како што е наведено во текстот, туку нивната плата и надоместоци се пресметани согласно Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката.

Во текот на една година од работењето на новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата одржани се 104 седници, најмногу до сега на годишно ниво за разлика од одржаните седници на поранешните состави на Комисијата. Изјавите на лицата Слаѓана Тасева и Драган Малиновски како поранешен Претседател на ДКСК и поранешни членови на Државната комисија за спречување на корупцијата, кои се јавуваат како експерти на оваа тема, не само што се некоректни и невистинити, туку во најмала рака покажуваат елементарно непознавање на Законот за спречување на корупцијата и на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата, со имислено лично навредување и напаѓање на интегритетот на личноста на членовите на ДКСК.

Очигледно, составувачот и лиферантот на овие информации немал или не сакал да има, ниту располагал со достаточни и релевантни факти, доколку располагал истите најгрубо ги злоупотребил, се со цел да се нанесе штета на ДКСК, а преку ДКСК така и на Република Македонија.

Со цел објективно и вистинито и целосно информирање на јавноста, ДКСК бара од Вас како медиумски куќи, а се со цел да не се шират лажни и неточни информации да ги проверите информациите кои веќе ги пласиравте во јавноста, да го објавите овој демант во целост на Вашиот медиум, а веднаш потоа јавно да се извините на членовите на ДКСК за објавените наводи со кои се дискредитира личниот интегритет и углед, како и угледот на институцијата.

За ова ќе биде информирана Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, новинарски здруженија и сите релевантни институции кои вршат надзор врз работењето на медиумите и ќе биде побарано да се преземат најстроги санкции кон вашиот медиум, главен и одговорен уредник и новинарот кој ја подготвил оваа информација, како и кон лицето или лицата кои ги лиферувале како вистинити овие податоци, притоа злоупотребувајќи ги како вистинити, користејќи и злоупотребувајќи го Законот за слободен пристап до информации.

Оргиналниот допис можете да го превземете тука

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo

Превземи вести